Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓуро Радосавовиќ, Подгорица: Светилници на добрината

0
By Нова ТВ on March 16, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Ѓуро Радосавовиќ

Постојат луѓе, најчесто ги нарекуваме личности, кои навистина можат да поместат граници. Тие излегуваат од калапот што го наметнуваат национализмите. И со делата и со појавата укажуваат на бесмислата на тие линии на мапата. Тие се доказ дека, без оглед на различните знамиња, луѓето имаат толку многу заедничко, тие се оние кои зближуваат. Поради нив сета исфорсирана омраза лесно паѓа во вода. Веста дека починал Балашевиќ ги детонираше сите градови по ред, од Постојна до Охрид, од Сплит до Белград, од Улцињ преку Нови Сад до Сента. Тоа беше најубава реакција на најтажната вест. Градовите изреагираа. Дури и оние ужасно комплицирани градови, непредвидливо прекрасни, во кои не е лесно да се истакнеш затоа што најтешко го простуваат успехот. И таму плачеа и пееја.

Да станеше Дејвид Боуви од мртвите, би му нашле мана, но затоа Балашевиќ го испратија како да бил градоначалник во сите градови макар на еден ден. Нему не можеше да му се приговори, ниту да му се оспори талентот. Него сите го сакаа, иако не сите јавно.

И социјалните мрежи работеа за Балашевиќ неколку дена. Без вложен денар, куна, марка и евро, беше ударна вест. Попуштија дури и телевизиите кои со години го бојкотираа, па ги ископаа и емитуваа неговите одлични емисии и концерти. Ниедна друга вест немаше шанси да исплива, бидејќи Панонскиот морнар беше посилен од сите тие моќни платени објави и контра-струи.

Може да се каже дека Балашевиќ и Мира Фурлан, кои заминаа еден по друг, докажаа дека многу е потешко да создаваш убавина наместо да креираш омраза, но дека на крајот само убавото останува да се памети за сите времиња!

И ним им беше најлесно да се лизнат во национализам и да јаваат на тој бран на баналноста. Но, никогаш не го сторија тоа. Тие се херои кои не паднаа во таа кал, не подбуцнуваа тогаш кога сите лесно одбираа страна. Останаа свои!

И Мира и Ѓорѓе одбраа да сакаат, затоа и им се восхитуваат луѓето. не се скрија зад знамињата, туку станаа симболи сами за себе. Нивните испраќања затоа беа емотивни и спонтани, гест на чиста љубов, со зрно на колективна вина и срам.

Вистинско чудо е како тагата се конвертираше во љубов. Ретки се оние што не ги делат луѓето, туку само делат добрина. Народот е гладен за таа добрина, затоа и излезе на плоштадите, секој од своето место да го испрати Балашевиќ и да му оддаде почит. Нему, кој пееше за Војводина која можеше да биде и Далмација и Бока, за ходникот во „Студењак“ кој можеше да биде кој било студентски дом во околината.

Покрај толку симпатии секако се појавија и оспорувачи, замерувачи, прекорувачи и толкувачи. Се плете фама околу сѐ, па и околу писмото на Мира од деведесеттите, и околу песната на Балашевиќ за Васо Ладачки. Но, тука нема ништо нејасно, бидејќи и писмото на Мира, и песната на Балашевиќ се универзални како и секое дело на кое ниту времето, ниту разните реинтерпретатори не му можат ништо. Сега разните власти се натпреваруваат постхумно да им се извинат и да им се додворат. Им ветуваат улици, булевари и паркови за да се изгребат за емоции и за популарност, некои и за да се исперат, но Мира и Балашевиќ се големи и без сето тоа. Мира заработи Оскар за човечност во најтешкото време, а Балашевиќ беше амбасадор на добрата волја уште пред да се официјализира таа титула. Тие се светилници на добрината кои фрлаат и ќе фрлаат светлина далеку преку границите! Во таква светлина треба да гледаме.

 

Ѓуро Радосавовиќ, писател, новинар, колумнист, копирајтер; роден во Подгорица, живее во Белград. Се сомнева во реалноста, верува во книжевноста.

Текстот и насловот се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.