Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гутереш по разговорот со Путин: Ситуцијата во Украина е далеку е примирје, уште подалеку од мир

0
By Sashko on September 15, 2022 СВЕТ
Фото: norden.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шансите за мир во Украина „во оваа фаза се минимални“, изјави синоќа генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Имам чувство дека сме многу далеку од мир. Би лажел ако кажам дека мирот може да се случи наскоро“, рече Гутереш на прес-конференција.

„Немам илузии. Шансите за мировен договор во оваа фаза се минимални“, рече Гутереш, додавајќи дека дури ни примирјето не е на повидок.

Гутереш додаде дека ги продолжува контактите со двете страни и дека се надева дека еден ден ќе може да се оди кон разговори на повисоко ниво.

Генералниот секретар на ОН разговараше со Путин и за извозот на руски прехранбени производи и ѓубрива.

Кремљ по телефонскиот разговор меѓу двајцата функционери соопшти дека Путин му кажал на генералниот секретар на ОН дека украинските житарки приоритетно треба да одат во земјите каде што се најпотребни.

Кремљ, исто така, соопшти дека се разговарало и за нуклеарната централа Запорожје и за посетата на тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), како и дека Гутереш пренел дека се подготвува посета на експерти на ОН на затворот Оленивка, во источна Украина, каде десетици украински воени затвореници загинаа во бомбардирањето на крајот на јули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

September 6, 2025

УНИЦЕФ: Детството не може да опстане во Газа

September 5, 2025

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

September 5, 2025

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

September 6, 2025

УНИЦЕФ: Детството не може да опстане во Газа

September 5, 2025

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

September 5, 2025

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.