Најмалку 24 лица загинаа при турканица во западноафриканската држава Гвинеја, за време на концерт на рап-групaта „Инстинкт килерс”.
Трагедијата се случила на плажа по повод одбележувањето на крајот на Рамазан во главниот град на Гвинеја, Конакри.
Најмалку 13 од загинатите се жени, a повредени се десетици.
Властите на Гвинеја објавија еднонеделна национална жалост.
Засега се уште не е познато што ja предизвикало паниката.