Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хабермас: ЕУ- потребна и е повеќе демократија и солидарност

0
By Нова ТВ on April 30, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот филозоф Јирген Хабермас упатил остри критики до ЕУ, до нејзината политика на која и се неопходни „повеќе демократија и поголема солидарност”.

На предавање во Католичкиот Универзитет Левен, Белгија, како што јавува Дојче Веле на македонски, со наслов „Демократија, солидарност и европската криза“, Хабермас говорел дека европската политика се спуштила на ниво на технократија која им се прилагодува на финансиските пазари.

Потребно е, рекол тој, да се развие наднационална демократија, во која и натаму би имало место за националните држави, но кои би морале да предадат дел од својот суверенитет.

-Доколку сакаат да ја сочуваат монетарната унија, повеќе не е доволно да се даваат кредити за да се поправи конкурентноста на презадолжените земји. Тоа не е доволно. За да се задржи монетарната унија тој, потребно е да се создаде политичка унија.

Хабермас оценува дека е неопходна солидарност и кооперативен пристап кој мора да произлезе од заедничката политичка перспектива, барајќи и демократизација на ЕУ и демократска контрола на Европскиот совет.

Според него, неопходно е основање на нов Конвент кој би предложил нов договор за ЕУ, а клучевите за промените во Унијата в раце ги држи германската влада, врз основа на својата економска сила и бројноста на населението, но во ниту еден случај не смее да се впушти во самостоен пат.

Во публиката на предавањето на Хабермас бил и претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.