Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хаџи Лега: Не само гинекологија,17 клиники плаќаат за чување документи

0
By Менче Атанасова Точи on October 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не само Клиниката за гинекологија простор за чување и архивирање на документите плаќале 17 клиники, тврди поранешната директорка на Клиниката за гинекологија, Марија Хаџи Лега која во моментот е на боледување. Скоро сите скопски клиники тонат во долгови и редовно кубурат со основни медицински материјали и лекови.

НОВА ја побара поранешната директорка за да објасни зошто во ситуација кога клиниката кубурела со медицински материјал, инкубатори, кревети, за четири години за оваа намена се одлеале скоро 120 000 евра.

Хаџи Лега вели дека на клиниката немало простор за да ги сместат административните документи и медицинските досијеа и затоа одлучиле да ги доверат на фирма специјализирана за тоа. Според неа, целокупната документација при селењето во новата зграда останала во стариот објект, така што кога требало да се урива зградата на старата гинекологија немале каде да ги сместат документите.

„Со оглед на тоа што за чување на болничката документација е потребен простор од 500 метри квадратни, а ние во новиот објект го немавме, се одлучивме на ваков чекор. Постои можност болничките истории за пет до 15 минути да се достават на клиниката. Одлуката беше имплементирана во дел од планот за јавни набавки и усвоена од Управниот одбор. Тоа не е ништо ново и го практикуваат речиси сите европски земји и 17 клиники кај нас“, изјави Хаџи Лега за НОВА.

Хаџи Лега тврди дека сумата која клиниката ја давала за чување на документите изнесува 80 000 евра без ДДВ, а не 120 000 евра.

Од сајтот на Бирото за јавни набавки се гледа дека клиниката во октомври минатата година склучила двегодишен договор во износ од 3 516 000 денари(57 170 евра) за закуп на простор за архивирање и чување на документи во електронска и пишана форма. Годишно на Трговско друштво за канцелариско административни дејности  „Инбох“ ДООЕЛ му била исплаќана сума од 1 758 000 денари(28 585 евра), а за четири години оваа сума изнесувала речиси 120 000 евра.

Новата директорка Викторија Јовановска смета дека ова е непотребен трошок кој го правела клиниката во ситуација кога на клиниката нема основен медицински материјал, кревети, ноќници за пациентките, инкубатори, респиратори, монитори, инструменти во операционите сали.

„Ние сакаме да го раскинеме договорот со фирмата но, прво треба да се види дали е тоа возможно за да не плаќаме пенали. Клиниката нема потреба да плаќа фирма која ќе ги чува документите бидејќи имаме простор за тоа во подрумските простории“, изјави вчера Викторија Јовановска директорка на Клиниката за гинекологија.

Годишниот буџет на клиниката е околу седум милиони евра, а и двете и претходната и сегашната директорка сметаат дека не е доволен за да се  покријат потребите. На клиниката нема доволно медицински материјал, кревети, инкубатори поради што по две бебиња се сместуваат во еден инкубатор.

Само во првите девет месеци таму починале 127 новороденчиња, а минатата година дури 184 новороденчиња, што е двојно повеќе од претходната година.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.