Специјалниот германски пратеник за Македонија Јоханес Хајндл денеска по пристигнувањето во Скопје, даде изјава за неговата мисија овие два дена, кога престојува во Скопје:
„Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првeнствено да ислушам. Станува збор за тоа процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори.
Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот.“
На неговата агенда се средби со лидерите на четири политички партии – потписнички на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД и другите амбасадори на ЕУ – земјите.
Во соопштението не е наведено дека Хајндл планира средба со претседателот Ѓорѓи Иванов.