Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хајндл за НОВА: Договор мора да биде постигнат пред летните одмори

4
By Светлана Јовановска on July 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

-Договор за надминување на полтичката криза мора да има што поскоро, пред почетокот на летните одмори. За Македонија е мошне важно кризата што поскоро да се надмине бидејќи таа криза не е добра за инвеститорите кои и се потребни на македонската економија, изјави германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл за НОВА.

Прашан дали успешноста на неговата посета на Скопје е доведена во прашање поради тоа што не успеа да се сретне со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Хајндл во изјавата за НОВА кусо одговори дека бил информиран дека Груевски е на приватно патување и дека одговорноста за состојбите е на политичките лидери.

-Мојата улога е посредничка, а одговорноста за состојбите е на политичките лидери и од нив зависи успешноста на процесот за надминување на кризата, изјави Хајндл за НОВА.

Германскиот пратеник вчера оствари поединечи средби со лидерот на СДСМ Зоран Заев, со претседателот на ДУИ Али Ахмети и првиот човек на ДПА Мендух Тачи, додека во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ го пречекаа партиски претставници, но не и Груевски.

По средбата на Бихаќка вчера, СДСМ писмено соопшти заеднички став на партијата и Хајдл било дека нема време за губење и дека е неопходно брзо решение за политичката криза, а тоа е прецизирање конкретни чекори за исполнување на двата клучни услова за брзи фер и демократски избори во Македонија и организација и спроведување слободни избори според Договорот од Пржино.

И лидерот на ДУИ Али Ахмети пред пратеникот посочил дека се залага за брзо решавање на кризата.

Лидерот на ДПА Меундух Тачи пак, вчера изјави дека по посетата на Хајндл и пристигнувањето на Нуланд на 11. јули, можни се решенија за излез од политичкиот ќорсокак и приближниот датум за избори.

Ова е четврта посета на Хајндл во Скопје во краток временски период со цел решавање на кризата.

Договор од Пржино Хајдл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.