Хакиран е Твитер профилот на новинската агенција Асошиејтед Прес при што објавија лажно соопштение дека претседателот Барак Обама е повреден во две експлозии на бомби во Белата куќа.
Американските медиуми, пренесуваат дека Твитер профилот на агенцијата е затворен и се работи на негова поправка.
Одговорноста за нападот на Твитер профилот на агенцијата ја презеде Сириската електронска армија, преку порака објавена на истата социјална мрежа.