Кандидатот за претседател на Македонија од ДПА Илјаз Халими на вечерашниот митинг во полошкото село Неготино ги повика граѓаните да излезат на гласање и да ги игнорираат повиците за бојкот.
– Што се однесува до пречките како бојкотот сакам да им кажам на сите оние што се уште се во дилема дали да излезат и да гласаат на овие избори дека ваква состојба со еден кандидат Албанец тешко може да се повтори, рече Халими.
Претседателот на ДПА Мендух Тачи истакна дека на изборите излегуваат со професорот Халими како кандидат за да испратат и порака за мир и да ја отфрлат, како што рече, „тензијата што ја создава ДУИ дека на изборите има судир помеѓу членството на ДПА и ДУИ“.