Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан побара истражна комисија за “Пуч” во Собранието

0
By Светлана Јовановска on April 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот комесар Јоханес Хан вели дека е сосема свесен за ситуацијата во Македонија и потврдува дека во земјите членки на ЕУ се повеќе расте загриженоста за политичката криза во нашата земја.

“Целосно сме свесни за ситуацијата во поранешната југословенската република Македонија. Можеби знаете дека денеска во заклучоците на советот на ЕУ има неколку изјави: има растечка загриженост помеѓу земјите членки за развојот во земјата и од друга страна европското семејството ги препознава напорите на некои европратеници да посредуваат за политичко решение”, изјави денес Хан по средбата со балканските лидери каде што се разговарало за транспортните мрежи на Балканот и нивно поврзување со тие од Европа.

За Хан потребно е почитување на владеењето на правото и потребна е целосна истрага. Комесарот ја повика опозицијата да се врати во Собранието и таму да се формира истражна комисија која ќе го решава политичкиот дел од кризата:

“Исто така итно ја повикувам опозицијата да се врати во Парламентот, таму да имаат истражна комисија која ќе се занимава со ова од политичка перспектива, но ова не смее да значи неотварање на кривичниот аспект на случајот. Има две димензии: кривичната и политичката и позицијата на ЕК е јасна, двете области да се отворат и да се решат на конструктивен начин. Зборуваме за земја со европска перспектива а земја со европска перспектива мора да ги почитува меѓународните и европските стандарди на владеењето на правото”, вели Хан.

Комесарот денес се сретна со речиси сите балкански премиери но не и со Никола Груевски кој имаше средба само со првиот човек на европските демохристијани кој веќе два пати го прима Груевски од почетокот на кризата во Македонија. Според висок европски функционер во Брисел вчера и денес немало средби на високи европски функционери со македонскиот премиер. Нема информации дека Груевски се сретнал со други европски парламентарци.

Да потсетиме дека единствената средба на Груевски со високи функционери од ЕК беше таа со Хан кога комесарот допатува во Македонија на самиот почеток на објавувањето на “бомбите”. Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер одби да го прими Груевски и ја откажа средбата со јасна порака дека тоа го прави поради политичката криза во Македонија а истото се случи и со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.