Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Потребен е датум за да може да се стави фокус на предизвиците

0
By Светлана Јовановска on January 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска уште еднаш ги повика партиите да најдат датум за да може да се стави фокус на предизвиците со кои се соочува земјата.

-Тоа беше дел од преговори, тоа беше датумот и се дискутираше дали треба да се одложат изборите или не. Јас кажав дека треба избори кои можат да имаат висок степен на добра подготвеност и да бидат фер, транспарентни и според меѓунаронародните стандарди. Сторив се за да обезбеди неопходното набљудување како на пример ОДИХР кој ќе испрати 24 набљудувачи кои ќе останат подолго време. Да појаснам: за Турција ОДИХР испрати 30 набљудувачи и 3,400 на денот на изборите. Сакам да кажам дека е важно да се има избори според нашите стандарди за да се врати довербата во земјата и за да може да се мине на следниот чекор – да се убедат земјите членки да одобрат преговори.

Според Хан, претседателот на Државната изборна комисија побарал дополнителен персонал кој ќе ја прави теренската проверка.

– Пред разговорите во петокот претседателот на ДИК рече дека им треба неопходен персонал како информатичари, правници но и луѓе кои ќе ја прават теренската проверка а владата потврди дека ќе го дуплира персоналот но според мене уште е поважно да има договор помеѓу сите партии бидејќи тоа го успеавме во последните неколку месеци – примена на договорот од јуни и јули. Не секогаш на точниот датум што беше договорен, но на крајот беше применето. Би било одлично и изборите да се водат во тој дух и секој да ја има таа определба. Во секој случај сите актери да се држат до договорот од јуни и јули, рече Хан.

На новинарско прашање за итните реформски приоритети од извештајот на Рајнхард Прибе, Хан истакна дека е загрижен поради малиот напредок и очекува сите обврски да бидат применети до изборите.

-Загрижени сме поради тоа што има многу малку напредок а очекувавме повеќе. Има многу точки во извештајот на Прибе за кои очекувавме дека ќе бидат применети до изборите. Но се соочуваме со доцнења и бараме од партиите да ги применат бидејќи тоа е дел од реформите. Колку што побрзо ќе биде тоа применето толку побрзо земјата ќе биде подготвена за европскиот пат. Така што сето тоа е во рацете на одговорните политичари кои треба да ја подготват земјата, посочи еврокомесарот.

Во однос на тоа дали Македонија треба да биде загрижена за состојбата на земјава поради миграцијата, Хан вели дека има повеќе теми кои бараат целосно внимание и затоа е потребен датум со кој би се ставило фокус на предизвиците.

-Мојот коментар беше во врска си настаните од минатиот петок бидејќи има предизвици за земјата и за владата така што миграцијата е во овој момент можеби најголемиот. Нема сомнение дека ќе се соочиме со продолжување на оваа ситуација како во 2015 година и ако некои европски земји го направат тоа што го најавуваат и ги затворат границите, тоа ќе има влијание на состојбата во Скопје. Ова е еден пример. Вториот е економијата и невработеноста. Има многу теми за кои е потребно целосно внимание од страна на владата, опозицијата и парламентот. Оттука барам од нив да најдат датум за да може да се стави фокус на предизвиците со кои се соочува земјата, рече Хан.

Во поглед на медиумската сфера, Хан посочува дека мора да се направи компромис.

-Реструктуирањето на земјата има многу елементи па така и медиумите се дел од овие разговори што ги води Питер Ван Хауте. Тоа се однесува и на други земји од Балканот. Мора да се излезе од пристапот црно-бело. На демократијата и требаат компромиси и компромисите не се ништо лошо, тоа е ситуација во која некој нешто добива и од нешто се откажува. Тоа е во интерес на сите, да се биде посилен. Политичките елити тоа треба да го научат. Не станува збор да се биде губитник или добитник и ако вака се продолжи нема да може да се направи потребниот напредок. Станува збор за соработка и како да се најде решение кое е прифатливо за двете страни. Тоа е природата на демократијата – да се најде компромис. Добар дил, не лош туку добар, рече еврокомесарот Хан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.