НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан: Вперувањето прст кон мене не помага за излез од кризата

0
By Светлана Јовановска on June 12, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинувањата за пристрасност на комесарот Јоханес Хан во македонската криза се комплетно неосновани а политичките лидери треба да се фокусираат на постигнување финален договор затоа што вперувањето прст кон комесарот не им помага и – уште полошо – не и помага на земјата, изјави денес во име на комесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанич, портпарол.

Во својата реакција ЕК вели дека секое обвинување кое ја доведува во прашање непристрасноста на комесарот Хан и неговите напори да ги олесни разговорите кои треба да дојдат до решение на кризата се целосен нонсенс и немаат никаква основа.

«Напротив: комесарот, заедно со европските пратеници, земјите членки и САД, работи со напор и непристрасност за да се олесни компромисот помеѓу лидерите. Комесарот ја има целосната поддршка на земјите членки во овие напори чија цел е поддршка на земјата и граѓаните. Ние разговаравме со повеќе министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ вчера и тие целосно го поддржуваат нашиот пристап», вели Хан преку соопштение на неговата портпаролка.

Хан изразува подготвеност да продолжи со неговата улога во македонските преговори како чесен посредник доколку тоа биде потребно.

Тој додава исто така дека договорот од 2 јуни ги содржи сите елементи на добар компромис и тој прецизира дека треба да се одржат слободни и фер избори порано отколку што беше предвидено и дека во договорот има јасна заложба на сите лидери за реформи во полето на владеењето на правото или изборните реформи. За сето ова, вели ЕК, своја согласност даде и опозицијата и отттука «не е кредибилно некој се обвинува за пристрасност».

«Политичките лидери треба да се фокусираат на постигнување финален договор. Вперувањето прст не им помага и – уште полошо – не и помага на земјата»

Во македонските медиуми денес и вчера се појавија претпоставки дека Хан има бизнис интереси во австриска компанија која работи во Македонија и дека не е неутрален во преговорите со македонските лидери. Шпекулациите се појавија по неговиот говор во Вашингтон каде што тој рече дека изборите во Македонија биле позитивни што го наведе лидерот на опозицијата Зоран Заев да изјави дека комесарот е пристрасен и дека СДСМ нема да учествува во преговорите во Брисел. На ова веднаш регагираше комесарот кој му се јави на Заев за да го увери дека му се добро познати изборните неправилности по што првиот човек на СДСМ одлучи сепак да оди на преговорите.

По неуспехот на бриселската рунда преговори комесарот повторно се најде во центарот на полемиката за неговата неутралност. Тој на Твитер напиша «Многу сум разочаран од недостигот на одговорност и лидерство од страна на некои». Зборот «некои» не беше прецизиран. Демантот од Брисел кој дојде од анонимен дипломат не успеа да ги смири духовите.

На сето ова се надврза и шпекулацијата дека комесарот има финансиски интереси во Македонија. Наводно тој бил на чело на фирмата Новоматик која има свои казина во нашата земја. Според изјавата за финансиски интереси која сите комесари мораат да ја поднесат кога стапуваат на функција, оваа фирма не е спомената.

На интернет може да се прочита дека Хан бил на чело на Новоматик до 2003 година но дека оттогаш нема никакви финансиски интереси со неа. Името на Хан во оваа фирма може да се најде на пребарувачот на гугл но досега нема доказ дека тој се уште има некакви врски со оваа голема фирма која има инвестиции во повеќе земји. Според правилата на Европската комисија комесарите мораат да поднесат точен список на своите финансиски интереси. Секое лажно тврдење носи со себе оставка за комесарот.

Хан е комесар од 2009 година. До 2014 беше комесар за регионална политика а потоа го доби портфељот на проширувањето и соседската политика.

Очигледно е дека ЕК прецизно следи се што се случува во Македонија па оттука одлучи да реагира на обвинувањата за финансиските интереси на Хан во Македонија кои, наводно, го спречувале да биде неутрален како олеснувач во македонските преговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.