Вистинска драма се случува во Берлин, откако автомобил влета во толпа луѓе и според првичните инфирмации едно лице го загуби животот, а 30 се повредени.
Непознат маж со автомобил „рено“, влетал меѓу луѓе, но не е познато дали станува за напад или едноставно загубил контрола врз возилото. Откако ги „покосил“ пешаците, автомобилот завршил во излог на продавница.

Германските медиуми пренесуваат дека возачот на автомобилот е уапсен. Инцидентот се случил недалеку од местото каде во 2016 година беше извршен терористички напад на Божик во кој загинаа 11 лица.