НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Харизматичниот Џевдет Хајредини

18
By Биљана Секуловска on November 11, 2017 КОЛУМНА
?????????
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во политиката се изгледа дека навидум е лесно, се додека не излезете пред јавноста, пред оној народ на кој авторитарноста му е дел од покорната политичка култура, како македонскиот, гладен за потреба за харизматичен политичар, но не е тоа воопшто доволно или пресудно.

Е, да, масите можете лесно да ги излажете, заведете, да упропастите цели генерации, народи, држави, особено тоа им оди на рака на оние харизматични лидери, но и на оние што се помалку заводливи за масите, или пак на оние кои воопшто не се- земете го за пример само Груевски, кој не наследи ниту прашинка од полнокрвната харизма на Љубчо Георгиевски, но и двајцата учествуваа во девастација на земјата.

И сега доаѓаме до една политичка фигура, која кипти од харизма, во сериозна предност е со знаењето, комуникациските вештини и природниот талент да биде политичар, но веројатно несвесен за сево ова, се откажал од сопствените дарби и ни дава само трошки само кога тој ќе одлучи.

Џевдет Хајредини секогаш со нетрпение го очекувам да го гледам а последното негово гостување беше на “Телма”- во дебата со претставник на власта, пратен од министерот Тевдовски како негов советник, непотребно прекрут бирократ (иако, којзнае дали чиновниците знаат воопшто да бидат поинакви?), без фантазија да ги претстави со леснотија здодевните и крајно неразбирливи финансиски политики, и третиот гостин- еден стабилен и трпелив даночен советник.

Хајредини е комотен во вакво опкружување, ова е негова територија, цупка со пенкалото, го гледа во очи соговорникот со полунасмевка, таа не е цинизам, но потоа, следува неговата дарба- знае точно што мора да следи за публиката- доза на драматика.

Со малку зарипнат глас, со чувство за паузи, ги ококорува очите со прецизен сценски тајминг, тогаш кога соговорникот, во случајов советникот на Тевдовски, започнува со приспивната фискална, монетарна политика, одземете или додадете БДП, тука никој ништо веќе не разбира, ниту пак го интересира, настапува очај и најава пред рекламите за масовни самоубиства, но кој тоа да му го каже на советников?

Тој, нашиов советник,  претходно е  ставен во теснец, во ќош, бил поканет Тевдовски а го испратил токму него, сето тоа е незгодна ситуација дури и за ладнокрвните бирократи, чии кошули никогаш не се валкаат, откако светот измислил нараквици до средина на раката, темно сини, поточно тегет, со малку набран ластик, кој не смее да затегнува, не и пречи на циркулацијата, но додава фактор плус за нелагодноста при јавните гостувања.

Ставревски и Тевдовски

Целава климава ситуација на советников е и последица на  сериозна драма: претходно неговиот министер Тевдовски “апелираше медиумите, oсобено оние кои не се доволно стручни, да не манипулираат со јавноста”. Tоа се разбира дека ги накостреши новинарите, ех, каков незгоден гаф во така лошо време, кога сите претрпуваат страв од уште поголема сиромаштија.

Тој е почетник, не знае дека на новинарите им е работа да поставуваат тешки прашања и да дебатираат со политичарите, освен тоа, тој секако не знае и една друга, жална по него, вистина. Како да се каже, а да не се навреди Тевдовски? Новинарите не се импресионирани од политичарите, од тој тип на авторитети, со нив работиме, во природата на описот на работа ни спаѓаат и тие, какви и да се за нас, какви и да сме за нив. И обратно, нивната неимпресионираност од нас се подразбира.

Но, се разбира дека со некои политичари останува простор за меѓусебна почит, потоа и некаква елементарна доверба за соработка, која ги потиснува понекогаш нервозните, понекогаш дури и опасни ситуации за двете страни.

Веднаш го споредија Тевдовски со Ставревски, неговиот агресивен и арогантен однос кон новинарите: “Не го разбирате буџетскиот процес, ве советувам да си го прочитате Законот за буџет, не можам да ви одговорам, тотално сте економски неписмена”  (тоа за неписменоста го повторува четири пати). Тоа  беше само една од малите инциденти кога новинарите ќе му пресечеа пат, тој после бомбите дозна зошто за нив бил доволно атрактивен, но никогаш, ниту за момент не почувствувал дека имаат кон него зрнце почит.

Тевдовски пак, си дозволува нервоза онаму каде што треба да посегне по некаква базична смиреност, новинарите се тука за јавноста, тие не се неговите најголеми непријатели (секако, на спротивните страни сме), но од нивните пенкала и камери не излегуваат смртоносни рафали.

Тој којзнае како ќе ја научи таа леснотија за комуникација, но експертите за ПР кои допрва ќе мора да ги изнајмува ќе му објаснат многу брзо дека е потребно да се потруди да биде трпелив, внимателен, широкоград, макар да се присили на леснотија, да ја смири јавноста, да работи со одглумено задоволство со новинарите, колку и да го нервираат и да ги презира (тоа го покажува, што не мора да значи дека е навистина така).

Бранимир Јовановиќ

Нека се сврти малку околу себе, до него е неговиот советник, Бранимир Јовановиќ, деноноќно дебатира со јавноста на Фејсбук, сите навреди и критики ги заборава, ги отфрла, тие се неважни, и самиот знае дека и се обраќа на јавноста од која допрва треба да бара поддршка за политиките.

А Хајредини, што прави за тоа време Хајредини? Става очила, да се потсети, за миг погледнува во некој лист, воздивнува, но и сите ние заедно со него: “Очекував јас, после еден бурен период, дека новата Влада, Министерството (за финансии), ќе настапат со некој оригинален, нов почеток…”

Можеби Џевдет Хајредини, Петар Гошев, Абдулменаф Беџети и Никола Поповски се тајни советници на Тевдовски и на Анѓушев, можеби е тоа така, а јавноста не знае.

Доколку не е тоа така, сега само ќе воздивнеме, навистина е штета, голема штета, ако не постои таква тајна операција во светот на финансиите- да се опкружат со најдобрите, најзрелите, највредните, во овие неизвесни времиња.

Сега воздивнуваме, но таа воздишка е со краток рок, затоа што разочарувањата кај јавноста многу брзо се трансформираат  во незадоволство, за тоа да прерасне уште побрзо во гнев и бес, при првата прилика на и најмал вид потонување во уште подлабока сиромаштија.

Тоа Владата на Заев не го посакува, тој неочекуван, ненадеен гнев и бес, не помислува некогаш да и се случи, но што да се прави, во животот доаѓаат и непредвидливи ситуации, од кои само можат да не извлечат знаењето и квалификуваноста.

А, харизмата, е, харизмата, таа е само дополнително оружје, тогаш кога сцената мора да изгледа побогато и посочно, да го навести и да го претстави со чистокрвен шарм животот кој доаѓа. Тој живот можеби допрва ќе се случи, но трпението не може да биде бескрајно, доколку не е навистина претставен со вистинските луѓе со кои Заев дополнително ќе мора да се опкружи, тогаш кога здодевниот за објаснување, но ужасно важен свет на финансиите е во прашање.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.