Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Харуки Мураками Нобеловец во 2013?

0
By Светлана Јовановска on September 6, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се ближи денот на доделувањето на Нобеловата награда за литаратура во октомври а облозите за тоа која ќе ја добие веќе започнаа. Според британскиот Ладброк оваа година тоа треба да биде Јапонецот Харуки Мураками, автор на повеќе бестселери а по него следат Џојс Карол Уатс, Унгарецот Петер Надаш, јужнокореецот Ко Ун и Алисе Монро, автор на куси раскази од Канада. Фаворит е и сирискиот поет Адонис.

Ова не е прв пат Мураками да биде фаворитот на обложувачите за Нобеловата награда но досега не успеал да стаса до престижната награда. Веќе 10 години тој се наоѓа на овие листи. Неговите романи се редовно бестселери уште од “Норвешката шума” во 1980 година а поновите успеси тука се тритомниот “1Q84” и “Кафка на брегот”. Изданието на англиски на најновиот роман “Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак” треба да биде издадено во 2014 година.

Според британскиот Гардиан админстрацијата на Нобеловата награда во голема тајност ги чува имињата на оние се кандидати. Сепак, еден интригантен твит се појави во мај: “5 кандидати се селекционирани за 2013 Нобелова награда за литература според постојаниот секретар на Шведската академија”. Твитот, вели Гардијан, предизвика бран на шпекулации за тоа дали добитникот е американски автор како Филип Рот или Дон ДеЛило.

Нобеловата награда за литература се доделува во октомври според желбата на Алфред Нобел но прецизниот датум се објавува во последната минута. Сајтот на Нобеловата награда напиша, оваа среда, дека до даумот остануваат најмалку 29 дена. Нобеловецот добива награда од речиси милион евра. Од 1901 година 109 писатели се лауреати а од нив 12 биле жени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.