Холивудскиот филмски продуцент Харви Вајнстин постигнал договор со сите жени кои го обвинија за сексуално малтретирање.
Адвокатите информираа дека спогодбата за решавање на овој спор изнесува околку 44 милиони американски долари.
Холивудскиот магнат Вајнстин е обвинет за силување и неколку други обвиненија за сексуална злоупотреба на две жени. Toj ги негираше наводите за присилен секс.
Шеесет и седумгодишниот Вајнстин важеше за еден од најславните и најуспешни продуценти во Холивуд пред да се појават првите обвинувања против него во 2017 година, што го покрена движењето #MeToo.