Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хашим Тачи поднесе оставка по обвинението за воени злосторства

0
By Нова ТВ on November 5, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, поднесе оставка од функцијата откако му беше потврдено обвинението против него пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово со седиште во Хаг.

Во своето вонредно обраќањето на јавноста, Тачи нагласи дека нема да дозволи „да му се суди на еден претседател на Косово“ и порача дека ќе соработува со Судот во Хаг.

„Пред неколку моменти бев информиран од надлежни лица дека официјално судија го потврдил обвинението против мене. (…) Со цел да го заштитам интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, јас денеска поднесувам оставка од пртеседателската функција. Се чувствувам многу горд за одговорноста која ја понесов“, изјави Тачи.

Покрај Тачи, за истите дела се обвинети и Јакуп Красниќи, Кадри Вејсели, Салих Мустафа и Реџеп Селими, сите високи функционери на ОВК и актуелни политичари од косовскиот естаблишмент, при што а многу е веројатно дека ќе има и други имиња.

Обвиненијата се резултат на истрагата која има корени во извештајот на Дик Марти од 2011 година. Ниту еден меѓународен суд, а не пак Хаг, не би викнал актуелен претседател на држава ако нема добро подготвена истрага која води кон таков епилог, а Тачи кога ја доби поканата пред јавноста практично призна дека е подготвен да ја плати цената за сѐ што правел за Косово, бидејќи слободата ја барала таа жртва.

Според она што го објави судот, обвинението  е поднесено против десет лица, односно „Хашим Тачи, Кадри Весели и други“, кои се товарат за дела против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства, присилни исчезнување на лица, прогони и тортура. Во обвинението се тврди дека Хашим Тачи, Кадри Весели и останатите обвинети се кривично одговорни за речиси 100 убиства, кои вклучуваат Срби, косовски Албанци кои биле обвинети дека биле „предавници“, Роми и други етникуми, како и политички противници.

Обвинението главно се однесува на периодот по војната и пред доаѓањето на КФОР, т.е. во периодот на безвластие, иако опфаќа и активности претходно и главно околу судбината на 1.869 исчезнати, од кои 470 по крајот на војната. Со оглед на тоа дека ова Специјално јавно обвинителство е формирано најмногу заради тврдењата на Дик Марти за постоењето на трговија на органи и за фамозната „Жолта куќа“ во Албанија каде што наводно се ваделе насилно органи од Срби и „предавници“ за да се продаваат за пари на црниот пазар, зад што стоела организирана инфраструктура и команда од ОВК што ја предводел Тачи, обвинението сигурно се однесува и на ова злосторство.

Овој суд има строг временски мандат, од јануари 1998 година до декември 2000-та, така што, иако има јурисдикција да опфати трансграничен воен криминал поврзан со Косово и ОВК, не може да ги вклучи четирите воени злосторства на ОНА во Македонија, особено тоа за исчезнатите лица, за кои водството на ОНА доби политичка амнестија во нашата држава, што пак меѓународното право не ја признава. Но, самиот факт дека на јавна седница ќе се чуе за воените злосторства на ОВК на Косово, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил висок функционер во таа структура е  сигнал дека и тој треба да се „пензионира“, во спротивно ќе ѝ наштети на ДУИ и на целата албанска кауза во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.