„Постојано посочуваме Албанците да бидат дел од институциите и дел од демократскиот живот. Сакам да подвлечам дека 3 проценти Срби кои живеат на Косово имаат повеќе права од 35 проценти Албанци кои живеат во Македонија, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за Бугарското национално радио за време на посетата на косовскиот премиер на Софија.
„Во таа насока сметам дека албанските лидери и македонските власти во Скопје треба да разговараат и да го применат Охридскиот рамковен договор“, истакнува Тачи.
Во Македонија последниот попис беше неуспешен, јавноста не ја знае точната бројка на граѓаните според националната припадност.
Сепак според Хашим Тачи секој трет граѓанин на Македонија е Албанец.