Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ после полноќ се обрати до јавноста со кратка изјава: „Гласовите се изброени. Не ми останува ништо друго, освен да им честитам на оние кои добија повеќе гласови. Изборите се неизвесни. Очекувавме подобар резултат. Одзивот беше низок“.
Тој истакна дека на политичарите останува да размислат зошто граѓаните излегоа во толку мал број.
Државната изборна комисија на прес конференција точно на полноќ потврди дека НДЗ е победник на изборите.
Според обработени 98,01 процент од гласачките ливчиња, НДЗ и коалицијата освоиле 32,97 проценти од гласовите, а СДП добила 31,87 проценти од гласовите, Хрватските лабуристи над 5 проценти.