Германија се грижи за иднината на Република Македонија и ја повторува својата посветеност за евроатлансткиот пат на земјата. Но за тоа да биде возможно, потребно брзо формирање на влада која ќе работи на Итните реформи приоритети, изјави денеска во Скопје специјалниот претставник на Германското МНР за Југоисточна Европа, Турција и државите од ЕФТА, Кристијан Хелбах.
-Реформскиот процес е од суштинско значење на луѓето. Им треба работа, социјална сигурност, владеење на правото и ефективни мерки против коруипцијата. Ги повикуваме сите инволвирани да се воздржат од поттикнување поделби. Веруваме дека Претседателот ќе го почитува резултатите од изборите и ќе му дозволи на мнозинството во Парламентот да формира влада што е можно побрзо, рече Хелбах.
Покрај другото, тој порача сите партии да се однесуваат одговорно со цел да се избегнат тензии.
-Загрижени сме за негативната реторика кон невладините организации и меѓународната заедница и апелираме која била партија да се воздржи од тоа, рече тој.
Хелбах уште кажа дека од особена важност е Специјалното јавно обвинителство да продолжи да работи со независна поддршка од судскиот систем.