Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: „Електронското“ вработување во „Македонски шуми“ нејасно за граѓаните

0
By Влатко Чаловски on November 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права добил неколку жалби од повеќе граѓани по првичните реакции за начинот на избор на кандидатите за вработување во Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Од наводите и изјавите, од Комитет констатираат дека постапката на јавниот електронски избор на кандидатите била нејасна за засегнатите граѓани, особено поради фактот што при изборот и одлучувањето не се земаа в предвид предвидените критериуми на бодирање, претходно објавени во јавниот оглас.

„Како резултат на ова, граѓаните, од помалите населени места во Македонија каде брзо се прошириле информациите кои од кандидатите „имале среќа“ да бидат избрани за вработување, реагираа дека помеѓу избраните се повеќе членови од исто семејство, како и лица кои се во многу подобра социо-економска состојба од оние кои не се избрани“, стои во месечниот извештај на Хелсиншкиот комитет во поглед на човековите права во земјава.

Според извештајот, Комитетот констатирал дека електронскиот избор, преку кој би требало да се отфрлат сите сомнежи за нееобјективност, имал токму спротивен ефект.

– Неизвесно е дали воопшто апликациите поминале низ првичниот филтер за селектирање на пријавите во согласност со објавените критериуми за аплицирање, со што се отвора можност за нелојална конкуренција при изборот – стои понатаму во извештајот.

Проценките велат, дополнителна конфузност создаваат и известувањата од ЈП „Македонски шуми“ со кои кандидатите се одбивани, кои биле доставувани надвор од законски предвидениот рок од 5 дена, а во кои единственото содржано образложение било посочување на веб страната каде може да се изврши увид во податоците и апликациите.

„Со ова директно е прекршен членот 27 од Законот за работни односи, кој меѓу другото го обврзува работодавецот во известувањето да го наведе кандидатот кој е избран за огласеното работно место“, пишува во извештајот на Хелсиншкиот комитет за месец октомври.

Оттаму повикуваат, со оглед на фактот дека во тек е уште еден јавен оглас на ЈП „Македонски шуми“ – за засновање работен однос на неопределено работно време за 300 извршители (лица со инвалидност), на поголема јасност и транспарентност во постапката за избор на кандидатите, како и строго придржување до објавените критериуми при одлучувањето и изборот.

Низа недоследности и пропусти се утврдени и кај надлежните органи во делот за остварување на правата од социјална и здравствена заштита.

– Во неколку наврати веќе известувавме за одолговлекување на постапките во случаи каде се решава по барање на граѓаните за заштита на социјалните права. Надлежните органи неколкукратно ги пробиваат законските рокови на штета на социјално загрозените граѓани.

Системот и организацијата на социјалната заштита дополнително слабее поради обемноста и ажурирањето на потребната документација при поднесувањето на барањата за остварување на овие права, како и предолгата постапка на одлучување, која често е надвор од законските рокови, се вели во октомврискиот извештај на Хелсиншкиот комитет.

Комитет ја потенцира и бавноста на Управниот суд на Република Македонија, при одлучување по предмети од областа на социјалната заштита. Поради долгите постапки кои траат и по неколку години, се доведува во прашање ефективноста на Управниот суд како правен механизам, пред кој граѓаните се охрабруваат да бараат заштита на своите права.

„Од постапувањата во овие случаи, се наметнува прашањето: Дали е случајност одолговлекувњето на постапките при одлучувањето и донесувањето на решенијата, особено кога тие се позитивни и во корист на барателите, со цел да се „заштити“ државниот буџет, а на штета на граѓаните!?“, нотира извештајот на Хелсиншки за состојбата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.