Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за грубото кршење работнички права во Штип

0
By НОВА ТВ on May 29, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: pravdiko.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права во изјави следното околу прекршувањето на работничките права во текстиланата индустрија во Штип:

Штипските текстилни работнички од конфекцијата Алкон-текс (конфекција Лонгуров) и денеска протестираа пред седиштето на работодавачот, барајќи заштита на своите работнички права и исплата на априлската плата. Ова е втор протест, по вчерашниот, на кој ја побараа заработената плата, како и заштита од институциите. Текстилните работнички најавија дека утре, во 9 часот, повторно ќе се соберат пред седиштето на работодавачот за да го изразат своето незадоволство.

Бисера Кафтанова е една од работничките испратени на принуден одмор, која два дена протестира пред Алкон-текс:

„Работевме во карантин, без прекини. Луѓе се разболуваа, откази се делеа, а притисокот и мобингот станаа секојдневие. Платите се намалуваат, а работа има. Се регистрираат нови фирми, а преку старите се ослободуваат од вишокот. Субвенции од државата редовно се земаат, само за нас плати нема. Па, овој протест нека биде за сите да не молчат, да се борат за своите права и за своите плати кои иако се мали, тешко се заработуваат.“

Неисплаќањето на платите е само едно од низата прекршувања со кои се соочуваат текстилните работнички. Најновите истражувања покажуваат дека изминатава година, вкупно 6783 текстилни работнички и работници останале без работа, а невработеноста е со највисок пораст во Штип, Тетово, Скопје, Прилеп и Куманово, каде што текстилната индустрија е најразвиена. 17.000 работници останаа без заработената плата за февруари, март и април, заради тоа што опозицијата во Собранието со недели го блокираше петтиот пакет економски мерки. Меѓу нив беа и 6000 текстилни работнички што работодовачите ги испратија на принуден одмор, поради тоа што ја чекаа државната финансиска помош.

Воедно, загрижувачки е и тоа што текстилните работнички честопати работат со договори за вработување на определено време од еден месец, па така, се наоѓаат во постојана неизвесност затоа што во секој момент работодавачите можат да одлучат дека веќе немаат потреба од нив. Стравувањето за губење на работното место и егзистенцијата го повредува правото на работникот на достоинствена работа.

Правото на работа и на соодветна заработувачка е уставно загарантирано право на секој вработен. Исплаќањето на плата под минималната, а во случајов неисплаќањето на никаков надоместок, значи сериозен удар по егзистенцијата на работниците и нивните семејства. Уште еднаш потенцираме дека сето ова се случува во услови на тешка здравствена и економска криза, кога трошоците за исхрана и основно живеење на работниците секојдневно се зголемуваат, а плаќањето на нивните сметки за струја и за вода не се одложува ниту пак чека на нивните плати.

Заради сериозните прекршувања на работничките права со кои се соочуваат текстилните работнички, Хелсиншкиот комитет за човекови права побара Државниот инспекторат за труд да спроведе вонреден инспекциски надзор кај работодавачот и да утврди неправилности во примената на трудовите правила. Дополнително, Комитетот ќе ги контактира и останатите надлежни институции како што се Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција, со цел да се испита дали работодавачот е корисник на државна финансиска помош и дали добиените средства ги злоупотребил. Хелсиншкиот комитет ги повикува сите државни институции да постапуваат со должно внимание согласно своите надлежности и да бараат одговорност од работодавачите кои грубо ги кршат работничките права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.