Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет: Да се расчисти случајот со притворените активисти

0
By Нова ТВ on July 31, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува задржувањето на четворицата граѓански активисти од страна на припадниците на полицијата за време на одржувањето на презентацијата на воена опрема на војската на САД и АРМ во саботата на 29.07.2017 година во центарот на Скопје, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

„Истакнуваме дека попречувањето на правото на мирен протест, како и противзаконитото задржување преку примена на средства за врзување (лисици) претставуваат дејствија со кои во конкретниот случај овластените полициски службеници сторија флагрантно кршење на Уставот, Законот за јавни собири, Законот за полицијата, Правилникот за вршење на полициските работи  и релевантните меѓународни стандарди.

Хелсиншкиот комитет за човекови права покрена постапка заради утврдување на околностите во случајот, при што препорача преземање на конкретни мерки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за утврдување на одговорност на инволвираните полициски службеници, кои според мислењето на Хелсиншкиот комитет, без основ примениле средства за присилба. Дополнително, од страна на надлежните структури во МВР беше побарано да се преземат неопходните мерки и активности и да дејствуваат на линија на воспоставените законски и универзални меѓународни стандарди на полициско постапување. Дописот беше доставен и до Министерот за внатрешни работи, г. Оливер Спасовски, како и до директорот на Бирото за јавна безбедност и до Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Хелсиншкиот комитет изразува незадоволство од продолжувањето на режимски практики на постапување од страна на полицијата во Република Македонија, и по промената на власта, на начин кој е во целосна спротивност со вредностите и принципите кои таа треба да ги застапува. Со оваа постапка, полицијата отворено се става на штета на граѓаните и понатаму придонесува за пораст на трендот на граѓанска недоверба.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи сериозно да пристапи кон разрешување на случајот што би значело раскрстување со режимските практики на постапување од страна на полицијата. Притоа, укажуваме дека враќањето на довербата во полицијата може да се случи само ако се покаже бескомпромисност во борбата за заштита на слободите и правата на граѓаните и да се започне со системско санкционирање на пречекорувањата на овластувањата на полициските службеници при вршењето на нивните дејствија.

Очекуваме Министерството за внатрешни работи сериозно и неодложно да се зафати со расчистување на инцидентот од 29.07.2017 и да ја утврди одговорноста на полициските службеници инволвирани во настанот. Притоа, нужно мора да постои сериозна и вистинска воља да се смени културата на пресија која ја негуваше полицијата во изминатиот период, а која беше насочена кон секој оној што има спротивставено мислење од она на власта. Во таа смисла, реформирањето и професионализацијата на сите полициски структури, вклучително и на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди треба да претставува императив без чиешто остварување не може да се замисли каква била суштинска реформа на системот во насока на воспоставување на владеење на правото и целосно почитување на темелните слободи и права. Бескомпромисноста во борбата против сите остатоци на режимот во институциите мора да се прикаже низ соодветни постапки и соодветни санкции, за сите повреди и попречувања на човековите права во земјата“, се вели во соопштението од Хелсиншки комитет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.