Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет: Евентуалните забрани за невакцинираните не се основ за дискриминација

0
By НОВА ТВ on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека граѓанската обврска за масовна вакцинација е неопходна мерка заради заштита на  здравјето на луѓето, информираат од огранизацијата, од каде додаваат дека ваквиот став го темелат на должноста да се чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, што претставува највисока граѓанска обврска.

-Оваа обврска е и уставно регулирана во членот 39  од Уставот на Р.С Македонија, кој гласи: „На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“, соопштуваат од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму, според нив, граѓаните покрај уставно гарантираните права, имаат и уставно регулирани должности, за чие неисполнување постојат уставно регулирани забрани за движење предвидени во членот 27 од Уставот, според кој „секој граѓанин има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште. Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката. Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето“.

-Задолжителната вакцинација, за одредени заразни болести е веќе предвидена во членот 33 став 2 од Законот за заштита на населението од заразни болести, додека во истиот закон, минатата година беа додадени одредби кои се однесуваат на заштита и спречување на ширењето на заразната болест Ковид 19. Дополнително, масовната вакцинација го штити не само лицето кое се вакцинира, туку  создава и колективен имунитет помеѓу населението што ја спречува циркулацијата на инфективните агенси. Компаративно, заради заштита на здравјето на детето и правото на детето на здравје, Уставниот суд во 2014 година оцени дека е оправдано на родителите да им се ускрати правото на избор за невакцинација, од причина што правото на здравје на детето е посилно од правото на избор на родителите, информираат од Хелсиншкиот комитет.

Според Хелсиншкиот комитет забраните во случај на одбивање на вакцинацијата, во ниту еден момент не може да се подведат под сомнение дека би биле основ за дискриминација или во спротивност со Уставот и основните човекови слободи и права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.