Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет незадоволен од пресудите на Апелациониот суд за Здравко Савески и Владимир Куновски

0
By Mirjana on March 18, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува незадоволство и разочарување од пресудата на Апелациониот суд Скопје, со која е изречена условна осуда од 6 месеци затвор за обвинетите Здравко Савески и Владимир Куновски, кои воедно се задолжени солидарно да платат износ од половина милион денари за материјалната штета предизвикана од кршењето на претседателската канцеларија за време на протестите на Шарената револуција.

Се работи за настан од 12 април 2016 година, кога тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов објави општа аболиција на 56 лица, со која најмногу беа опфатени политичари од тогашната власт засегнати од истрагите на СЈО и неколкумина политичари од тогашната опозиција. Оваа одлука на претседателот беше дочекана со жестока реакција од граѓаните, кои истиот ден спонтано го изразија својот револт, собирајќи се пред неговата канцеларија во центарот на градот. Репресивниот полициски апарат на тогашната власт веднаш ја покажа својата жестокост, но и селективност во справувањето со демонстрантите. Од целата толпа – шест лица беа приведени и ставени во куќен притвор, а обвинителството брзо спреми обвинителни акти за водење судски кривичен прогон, се вели во соопштението од Хелсиншки комитет.

Од една страна, казнувањето и справувањето со високиот криминал на функционерите оди бавно, доведувајќи до застареност на кривичното гонење за дела кои вклучуваат милионски суми проневерени буџетски средства, политичка репресија или незаконито следење на граѓаните. Од друга страна, за граѓани што се одважија и се спротиставија на криминалната аболиција, судските постапки траат шест години и се изрекуваат драконски казни за нивниот активизам.

Со оваа пресуда судовите фактички испраќаат порака до граѓаните да останат безгласни и пасивни пред корупцијата, криминалот и неправдата, затоа што во спротивно ќе се соочат со кривичен прогон во кој повисоката цел – демократијата и владеењето на правото, треба да отстапи пред политичката репресија и формализмот на правната држава. Сметаме дека е поразително тоа што судовите целосно го игнорираат контекстот во кој се случило делото, односно дека ги занемаруваат причините за граѓанскиот револт во критичниот ден – срамната аболиција која беше кулминација на режимското владеење, заробувањето на институциите и погазувањето на правната држава. Правото мора да ѝ служи на правдата.

 

 

РЕАКЦИЈА ХЕЛСИНШКИ ЗА КАЗНИТЕ НА САВЕСКИ И КУНОВСКИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.