Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет за ЦИВИЛ Медиа: Младите најчесто се вклучени во пристрасно мотивирани инциденти, и како сторители и како жртви

0
By Marija Todorovska on March 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Во изминатиот месец имаме неколку случаи на врсничко насилство, кое за жал, еден случај заврши и со убиство во Прилеп, во два различни инциденти меѓу малолетници во Скопје имаше обиди за убиство со употреба на ножеви, како и употреба на огнено оружје од страна на малолетник во паркот во Чаир.

Од Хелсиншки комитет за човекови права за ЦИВИЛ Медиа велат дека од 2014 година ги следат и ги регистрираат ситуациите со делата од омраза и ги регистрираат сите инциденти на платформата www. zlostorstvaodomraza.com. Етничката основа речиси секоја година го зазема најголемиот дел од основите за извршените злосторства од омраза. Младите лица сѐ уште најчесто се вклучени во пристрасно мотивирани инциденти, и како сторители и како жртви, велат од Хелсиншки комитет на прашањето – што преземаат и што ќе преземат како граѓанска организација за човекови права во врска со зголеменото насилство меѓу младите каде што неретко се користи и ладно оружје?

„Освен во физичкиот простор врсничкото насилство зема замав и во дигиталниот простор, токму затоа креирањето на безбеден дигитален и интернет простор за младите треба да биде приоритет за секоја држава. Се поголемата употреба на технологијата и користењето на социјални мрежи од страна на младите носи одредени ризици за злоупотреба на нивните податоци, насилство, вознемирување“, велат Хелсиншки.

Од Хелсиншки комитет додаваат дека во оваа тековна година спроведуваат проект ,,Креирање на побезбедна дигитална средина за младите” кој има за цел да ја подигне свесноста за безбедноста на младите во дигиталниот простор како и да ги унапреди знаењата на средношколците за теми поврзани со дигитални права, како заштита на личните податоци, сајбер насилството и малтретирањето и дигитално родово базирано насилство. За таа цел Хелсиншки комитет ќе организира летни школи во текот на летниот распуст со истакнати експерти во областите.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

врсничко насилсство Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.