Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки: Кривичниот суд ја повреди Европската конвенцијата

0
By Нова ТВ on July 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Хелсиншкиот Комитет за човекови права постапувајќи по барањето за бесплатна правна помош од страна г‐ѓа Марина Кежаровска, од извршениот увид во приложената документација од предметот на Томислав Кежаровски, констатира дека Кривичниот совет донесувањето на решенијата го сторил во постапка и на начин кои се спротивни на Европската конвенција за човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права.

Сторени се суштествени и процесни повреди во врска со проценката и аргументацијата за неопходноста од продолжување на притворот од страна на Основниот суд и непостапувањето по жалба од страна на Апелациониот суд во Скопје.

Образложението за причините за колективното продолжување на притворот во решението од 26 јуни на Кривичниот совет содржи само една страница. Се наведува дека постои опасност од бегство поради видот и висината на предвидената санкција, како и околноста дека г. Кежаровски не поседува недвижен имот.

Втората причина се однесува на можноста обвинетиот преку сведоците и прикривање на докази да влијае на истражната постапка, додека како трета причина се наведува опасноста од евентуално сторување на ново кривично дело.

Второто решение за продолжување на мерката притвор од 24 јули следува по завршувањето на истрагата и поднесувањето на обвинителен акт. Образложението на ова решение е содржано на помалку од една страница.

Кривичниот совет оправданоста на притворот ја аргументира идентично како и во првото решение, а единствената разлика е во изоставувањето на втората причина – влијание врз сведоците и прикривање на докази – имајќи предвид дека истрагата е завршена.

Хелсиншкиот комитет укажува дека воспоставената пракса на Европскиот суд претпоставува при одлучувањето за продолжување на мерката притвор, судиите да мораат да ги наведат причините за нивната одлука, односно детално да прецизираат зошто сметаат дека лицето ќе побегне.

Во слуачјот на Томислав Кежаровски постои состојба на донесување одлуки на идентичен начин, преку стереотипна формулација на речениците и без објаснување за причините поради кои постои опасност од бегство што претставува повреда на Конвенцијата.1 Судиите мораат во детали да ја опишат поединечната ситуација во која се наоѓа притвореното лице,2 а праксата за издавање на колективни решенија која води кон континуиран притвор за група на лица без поединечна проценка на основите е прогласена за недопуштена од страна на Европскиот суд.

Што се однесува до третата причина на Кривичниот совет – опасноста од сторување на ново
кривично дело, неопходно е да се потенцира дека според Законот за кривичната постапка
потребно е да постојат особени околности кои би го оправдале стравот дека г. Кежаровски тоа би го сторил.

Кривичниот совет не наведува ниту еден факт во поткрепа на својот став дека е можно сторување на ново кривично дело.

Освен спорните решенија на Основниот суд Скопје 1, загрижува и постапувањето на Апелациониот суд во Скопје кој и по истекот на еден месец не се впушти во оценување на жалбените наводи изјавени против решението на Кривичниот совет од 26 јуни.

Во конкретниот случај се работи за решение за продолжување на притворот за 30 дена. Според тоа, доколку решението е обжалено, жалбата мора да биде разгледана и по неа да биде одлучено пред Кривичниот совет да донесе ново решение за продолжување на притворот.

Со намерното или ненамерното непостапување, Апелациониот суд ја повредил ефективноста на жалбената постапка и со тоа сторил повреда на Европската конвенција за човекови права.

Со тоа, на странките во т.н. случај „Ликвидација“ им се отвора можноста за поднесување на жалба против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права. Во согласност со општоприфатените принципи на меѓународното право, постојат околности кои ги ослободуваат обвинетите од користењето на домашните правни средства кои се на располагање.

Ова од причина што според Европскиот суд официјалната толеранција од страна на државните власти, која ги прави постапките бесмислени или неефективни, ги ослободува обвинетите од користењето на домашни правни лекови кои мораат да бидат доволно јасни, не само теоретски (како што е предвидено во Законот за кривичната постапка), туку и во пракса.

Поради тоа, Хелсиншкиот комитет го повикува Апелациониот суд во Скопје сериозно да ги разгледа жалбените наводи против последното решение на Кривичниот совет со кое на 24 јули повторно му беше продолжен притворот на новинарот Томислав Кежаровски.

Притоа, Хелсиншкиот Комитет потсетува дека по завршувањето на истражната постапка, на судот освен притворот кој претставува најекстремна мерка, на располагање му стојат алтернативни мерки како што се куќен притвор, гаранција (која е веќе понудена од страна на семејството на г.Кежаровски), одземање на патна исправа итн.

Хелсиншкиот комитет, во недостиг на соодветна реакција од страна на македонските судови, е подготвен да започне жалбена постапка пред Европскиот суд за човекови права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.