Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки за лустрацијата: Ова е лов на вештерки

0
By Нова ТВ on July 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Процесот на лустрација е предмет на критика на Хелсиншкиот комитет, кој во најновиот извештај остро реагира за прогласувањето кодоши на луѓе- критичари на актуелната власт, квалификувајќи го како лов на вештерки.

Во извештајот се вели:

Процесот на лустрација продолжи да се одвива на начин кој само ја потврдува повеќепати потенцираната констатација дека власта овој процес го користи за справување со политичките противници и со сите оние што имаат критички став спрема политиките на актуелната власт.

Воедно, случаите кои во изминатиот период беа предмет на постапување на Комисијата за верификација на фактите, го илустрираа и непрофесионалниот начин на работење на штета на честа и угледот на граѓаните.

Имено, во случајот на Петар Карајанов со Решение бр. 07-908/1 од 27.5.2013 беше
утврдено дека „соработувал со органите на државната безбедност во својство на таен
соработник“ при што како доказ за неговите активности беше користено досие на
друго лице со исто име и презиме. Фактите за сторената грешка се неспорни и
транспарентни имајќи ги предвид основните податоци за „другиот Петар Карајанов“.

Меѓутоа, Комисијата за верификација на фактите и покрај јавно презентираните
неправилности и укажувањата на Хелсиншкиот комитет, сепак остана на донесеното
решение поради што лицето Петар Карајанов во законскиот рок поднесе Тужба до
Управниот суд на Република Македонија.

Комисијата за верификација на фактите во истиот период го лустрираше и
професорот и поранешен министер за внатрешни и надворешни работи Љубомир Д.
Фрчковски со Решение 07-907/1 од 27.05.2013 утврдувајќи дека истиот бил
наредбодател и корисник на информациите од органите на државната безбедност, во
времето кога ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи. Со овој акт на
лустрација Комисијата за верификација на фактите само ја потврди тенденцијата да се
гонат и етикетираат сите критичари на актуелната власт без притоа да се води сметка
за основната функција и цел која ја има законот за лустрација согласно меѓународните
стандарди.

Процесот на лустрација и во периодов беше обележан со лустрација на починати
лица како што беше случајот на истакнатиот македонски писател Славко Јаневски,
што говори за веќе транспарентна политика на гонење на истакнати дејци од
поранешниот систем и покрај тоа што лустрирањето пред се има за цел спречување
на лица кои во поранешниот систем ги кршеле човековите права и слободи, во
актуелниот систем да вршат јавна функција.

Реагирајќи на лустрацијата на Славко Јаневски, веднаш потоа беше лустриран и академик Томе Серафимовски и писателот Божин Павловски со што беше очигледно намерата да бидат казнети за јавно изречената осуда на лустрацијата на Славко Јаневски.

Со ова, извршната власт, преку Комисијата, упорно и дрско продолжува со кршењето
на Уставот и одлуките на Уставниот суд на Македонија (особено во делот на важење
на законот по 1991 година), игнорирање на мислењето на Венецијанската комисија
од 2012 година и препораките содржани во Резолуцијата на Советот на Европа 1096
(1996).

Процесот на лустрација во Македонија со овие чинови потполно се измести
од својата морална основа и е во спротивност со сите стандарди врз кои треба да се
води овој процес кој се претовари во отворен „лов на вештерки“ и бркање од работа
на професори и интелектуалци како во мрачните денови на комунизмот и
едноумието.

Хелсиншкиот комитет уште еднаш би сакал да потсети на укажувањето на Советот
на Европа дека процесот на расчистување со минатото мора да биде заснован врз
принципите на законитост и правичност. Наспроти ваквите постулати, процесот на
лустрација во Македонија е класичен пример за инквизиторска постапка во која
обвинетите лица воопшто не се сослушуваат и немаат можност да се бранат.

Како последица, за низа професии како новинари, професори, академици и
други, резултатот од оваа постапка е еднаков со казнената санкција од Кривичниот
законик – забрана за вршење професија, дејност или должност. Ваквиот став е
содржан и во неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права.

Поради сите наведени причини, Хелсиншкиот комитет ќе продолжи активно да ги
штити основните права и слободи на сите недолжни жртви на неуставниот процес
на лустрација. Доколку Управниот суд не ја обезбеди тајноста на личните
податоци, заштитата на личниот интегритет, почитувањето на приватноста,
семејниот живот, достоинството и угледот, Комитетот е убеден дека правдата ќе
биде задоволена пред Европскиот суд за човекови права, се вели во интегралниот најнов извештај на Хелсиншки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.