Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелтгрупер: Бесплатното лекување ќе ги зголеми листите на чекање

0
By Менче Атанасова Точи on July 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Приватните болници ќе профитираат од предложената мерка на Владата бидејќи ќе се зголемат листите на чекање во државните болници, што ќе ги принуди пациентите да се лекуваат повеќе во приватното здравство, покажуваат анализите на Хелтгрупер

Преку укинувањето на партиципацијатата, односно бесплатното болничко лекување што го најави Владата,  ќе се зголемат листите на чекање во државните болници, што ќе ги принуди пациентите да се лекуваат повеќе во приватното здравство. Приватните болници ќе профитираат од предложената мерка. Ова значи дека, зголемената побарувачка на услуги ќе отвори нови пазарни можности за приватниот сектор да ги зголеми цените на услугите кои ги нуди. На тој начин, директниот резултат од укинувањето на партиципацијата всушност ќе се одрази врз џебот на граѓаните во наредните 12-24 месеци, предупредуваат од Хелтгрупер, организација која ги истражува состојбите во здравството во Југоисточна Европа.

„Светските искуства, како и истражувањата кои ги спроведуваат експертите на Хелтгрупер укажуваат дека ваквата мерка може да резултира со сосема спротивни ефекти од очекуваните. Конкретно, партиципацијата е механизам кој има за цел да го ограничи прекумерното (и често не потребно) лекување во болниците. Таа мерка се воведува насекаде во светот, и ја користат дури и најбогатите држави како што се Германија, Јапонија, САД и други. Кога ќе се укине партиципацијта, автоматски се очекува да се зголеми побарувањето на здравствените услуги, а тоа ќе се одрази на снабдувањето со здравствени услуги. Новата ситуација ќе ги принуди „снабдувачите„ поточно болниците од причини што нема да може да одговорат на зголемената побарувачка да воведат нивни рестриктивни мерки во форма на продолжено време на чекање за лекување. Поранешните истражувања на Хелтгрупер имаат документирано дека една од клучните причини поради кои пациентите се одлучуваат за лекување во приватните болници е да го скратат времето на чекање“, велат од Хелтгрупер.

Графикон на кој е претставено какви ефекти ќе има бесплатното болничко лекување

Хелтгупер ја повикува Владата, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да ја преиспитаат оваа одлука со цел да се превенираат долгорочни штетни последици по здравствениот систем.

Од Хелтгрупер порачуваат дека се подготвени да изработат дополнителни анализи кои ќе им помогнат на здравствените власти во носењето на конечната одлука.

Премиерот Зоран Заев пред два дена изјави дека бесплатното болничко лекување ќе стартува од 1 јануари 2019 година,  а буџетот за бесплатнотоза оваа намена ќе изнесува околу 7,6 милиони евра.

„Според досегашните проценки буџетот ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. Тоа е партиципацијата која граѓаните ја плаќаат за болничко лекување, односно за останување во болница. Тие пари ќе ги покрие државниот буџет и граѓаните нема да плаќаат за болничко лекување“, рече премиерот Заев.

Пролетта, како што рече, донесена е одлука за бесплатно болничко лекување за децата на примателите на социјална помош и за нив, а  од 1 јануари следната година тоа ќе важи за сите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.