Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХЕРА: Иванов го потпиша указот – одиме на Уставен

0
By Нова ТВ on June 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со потпишување на указ за новиот законот за прекинување на бременоста од страна на Претседателот Ѓорѓе Иванов, од денес, на жените во Македонија и официјално им се ограничени слободите за избор на прекинување на бременоста и планирање на родителството, реагираат од невладината ХЕРА.

Според нив, загрижува фактот дека Претседателот Иванов, како доктор на правни науки и како експерт за граѓанско општество, замижува пред неуставната итна постапка по која беше донесен законот и не ја препознава неговата штетност за животот и за дигнитетот на граѓанките на Македонија.

„Потенцираме, ова е првиот закон донесен во независна Република Македонија со кој се скратуваат правата на жените, со кој се прави чекор назад за демократијата и човековите права.

Со овој закон, Македонија престанува да биде пример за земја со либерални права во Европа, во којашто жените слободно можеа да одлучуваат за прекин на бременоста, епитет со кој можевме да се гордееме во изминатите 40 години. Донесувањето на овој закон е пораз и на долгогодишните напори за унапредување на статусот на жената во општеството и постигнување на родовата еднаквост.

Уште еднаш нагласуваме дека сите нови одредби кои ги содржи овој закон, како поднесување на писмено барање од жената за прекин на бременоста, задолжителното пристрасно советување за ризиците по здравјето и животот за жената и предностите од продолжување на бременоста, како и 3-те дена чекање по советувањето не се засновани на научни факти и преставуваат омаловажување на жената и негирање на нејзините способности сама да донесува одлуки за своето тело.

Овој закон нема да придонесе за зголемување на наталитетот на земјата туку само ќе го отежни патот за жената, која и така донела тешка одлука да ја прекине несаканата бременост, а ќе се зголемат и ризиците од небезбедни абортуси со кои животот на многу жени ќе биде доведен во опасност.

Нашите напори не запираат тука, се надеваме на разумноста и праведноста на Уставниот Суд кој ќе го оспори овој штетен закон за правата и слободите на сите жени во Република Македонија како неуставен и спротивен на меѓународните повелби за кои нашата земја се заложила да ги почитува“, се вели во соопштението од ХЕРА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.