Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХЕРА: Ќе го стопираме Законот за абортус и пред Уставен суд

0
By Менче Атанасова Точи on June 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преставки за стопирање на Законот за прекинување на бременоста пред институциите Претседател на републиката и Уставен суд најави невладината организација ХЕРА, веднаш по неговото изгласување во Собранието.

Во нивната реакција стои дека Министерството за здравство предводено од министерот Тодоров не ги сослушале препораките од граѓаните, од 72 граѓански организации, здруженијата на гинеколози, од 91 меѓународни организации и не ја прифатиле понудената помош од Светската здравствена организација.

-Ние баравме да се повлече Предлог законот од итна постапка и да се започне процедура на донесување на нов современ закон за прекинување на бременоста. Во недостаток на аргументи министерот Тодоров изнесе парцијални докази и нерелевантни примери од други земји, фаворизираше здруженија и религиски претставници, кои имаат ставови со кои се руши секуларноста на државата. На крајот, Тодоров започна и да делегитимира, да стигматизира, да потценува и да дисциплинира велат во својата реакција од ХЕРА.

Од ХЕРА велат дека и со дополнителните амандмани новиот закон ги ограничува правата на жената и е порестриктивен од претходниот. Сметаат дека не е потребно задолжително и дополонително советување за предностите од продолжување на бременоста, ниту чекање од три дена за одобрение. За нив спорна е и писмената согласност, како и актите за советување чија форма не е позната, како и правото да министерот да формира комисии.

И покрај несогласувањата и протестите пред Собранието пратениците денеска попладне во отсуство на пратеничката група на СДСМ, го изгласа Законот за прекинување на бременоста со 62 гласа „за“ и еден против.

Ивон Величковски, пратеникот на ЛП им порача да не го загорчуваат дополнително животот на жените кои се одлучиле на абортус. Тој беше единствениот пратеник кој гласаше против законот.

– Прифативте номинална расправа, а потоа продолживте со реклами. Со административни постапки се обидовте да креирате популациска политика. Ја вмешавте и црквата, ама ќе ви кажам дека државата ќе биде толку силна колку што ќе ја браниме секуларноста. Стимулирате абортус да се случува во шупи и гаражи наместо да ги едуцирате граѓаните – рече Величковски пред пратениците од ВМРО ДПМНЕ во Собранието.

Законот се изгласа во тензична атмосфера, додека пред општина Центар се случуваше протести и во јавноста се минимизира неговото донесување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.