Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хил: САД донекаде изгуби интерес за решавање на името

0
By Нова ТВ on August 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот американски амбасадор во Македонија Кристофер Хил, во пресрет на посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас на Вашингтон и средбата со претседателот Обама, оценува дека САД направиле чекор назад и загубиле дел од интересот за решавање на спорот за името и оти е потребно Македонија да ги удвои дипломатските напори насочени кон Вашингтон и Брисел.

– Мојот впечаток, и да подвлечам, ова е впечаток, а не нешто поткрепен со добро познавање на фактите, е, како што велите, дека САД направија еден чекор наназад и оценуваат дека условите не се тука за да се најде решение за спорот. Доколку сум во право во овој впечаток, мислам дека е важно Македонија повторно приватно да испрати сигнал до САД дека е подготвена да се обиде да се разреши ова. Да се покаже дека постои флексибилност. Сфаќам дека тоа е многу тешко, бидејќи зборуваме да се смени или да не се смени името, но Македонците мора да пренесат дека тие се разумните, вели Хил во телефонски разговор за Македонската информативна агенција.

Хил, кој сега е декан на Факултетот за меѓународни студии на Универзитетот во Денвер, вели дека лично не е ангажиран во прашањето околу името, но дека останува секогаш подготвен да помогне да се надмине овој спор меѓу Македонија и Грција.

За поканата за средба со грчкиот премиер Андонис Самарас, Хил вели дека реакцијата во Грција на отворените покани за средба може да биде спротивна од посакуваната.

– Мислам дека Македонија може да има приватни разговори со Грците, кои нема да се објавуваат во јавноста, додека јавните покани имаат мали шанси да бидат добро примени од другата страна. Овие работи мора да бидат екстремно добро подготвени приватно, вели Хил.

Според поранешниот американски дипломат, кој по ангажманот на Балканот беше амбасадор во воениот Ирак и преговарач за нуклеарната програма на Северна Кореја, за Македонија клучна цел се уште мора да биде членството во Европската Унија и во НАТО.
Хил вели дека ги разбира, но не ги поддржува оценките дека кризата во ЕУ и во Грција го менува односот кон ова прашање.

– Ако ги тргнеме настрана сите проблеми кои се случуваат во Европската Унија, и овие проблеми во јужните држави, вклучително и Грција, мислам дека сепак е во висок интерес на Македонија да влезе во ЕУ. Ја разбирам фрустрираноста и оценката кај дел од Македонците дека можеби работите се сменија.

Јас не верувам дека работите се смениле по ова прашање и мислам дека се уште е многу во интерес на Македонија да се приклучи. Се надевам дека Македонија ќе успее и се што ќе можам да сторам ќе го сторам, вели Хил.

Тој оценува дека економската криза во Грција не значи дека треба да се бара начин како таа да се искористи како притисок, од страна на ЕУ кон Грција, да се разреши спорот, туку дека најмногу може да се постигне со постојан ангажман на македонската дипломатија во Вашингтон и во Брисел.

– Македонската Влада да прави се што може дипломатски, да биде активна, да ги убеди ЕУ, САД и другите фактори дека е разумниот и флексибилен субјект во спорот. Како во кошарката, во НБА, таму важи правилото дека ако веќе си мал тогаш мораш да бидеш брз. Македонија мора да биде многу активна дипломатски и да негува повеќе пријатели во ЕУ, вели Хил.

Навраќајќи се на Македонија, тој оценува дека земјата постигнала многу, но посакува да се намали нивото на политизирање на прашањата.

– Како и многу земји, Македонија имаше подеми и падови. Одлуката да се однесува како НАТО членка, да биде активна во некои од мисиите на НАТО, беше добра одлука. Мислам дека некои од економските одлуки, во однос на фискалната политика, исто така поминаа добро. И факт е дека македонската Влада успева во овие области. Причина за загриженост во Македонија е тенденцијата се да стане политичко прашање. Мислам дека Македонија мора да се чува од тоа, од поларизација во политичките структури, вели Хил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.