Апаратот кој беше спектакуларно промовиран на Клиниката за торакална хирургија од министерот за здравство Никола Тодоров, не е никакво чудо, на Хирушките клиники има уште три вакви апарати со чија помош со години оперираме, тврдат за НОВА лекари од неколку хирушки клиники.
Исти вакви три апарати веќе има на Клиниката за дигестивна хирургија и тие се наоѓаат на само десттина метри од местото каде што се прикажуваше „магичниот апарат“ велат хирурзите. Првиот ваков апарат бил набавен пред осум години.
Точно е, потенцираат лекарите дека “ForceTriad“апаратот е врв на биомедицинскиот инжињеринг на полето на електрохируршката опрема. Но, вакви апарати има Клиниката за урологија, Детска хирургија, Градската болница „8-ми Септември, Градската болница „Св.Климент Охридски“ и во приватните болници. Вкупно во државата има од 15 до 18 вакви апарати обајснуваат хирурзите.
Абдоменалниот хирург Милчо Пановски, кој пишува за принципите на работа со овие апарати во книгата „Електрохирургија“, вели:.
– Во мојата книга на страна 41 е даден прв опис на новата технологија на непредната биполарни технологии кои се воведени 2006 година, сите предности од овие апарати и опасностите.
Непосредно по промоцијата е набавен овој апарат на клиниката, вели Пановски.
-Како што кажува самото име „Force Treiad“ станува збор за електрохируршки генератор кои во себе содржи три начини на работа. Класична монополарна хирургија со нов модус Волелаб, воведен за прв пат, биполарна хирургија и напредната биполарна технологија, односно
Tissue and Vassel Fusion Sistem каде има врзување на крвни садови со долемина до и од 7 мм, додека за сите поголеми крвни садови остануваат други методи како што се конци, стаплери и тн.
Прватата технологија, така наречена LigaSure (1999) претставува напредната биполарна технологија која врши чепење на крвни садови и е наречена Vessel Seali8ng Sistem. На нашата клиника го добивме во време 2001-2 година и имавме три кои ги заменивме со новата генерација, објаснува професорот Пановски.
Реакцијата на хирурзите доаѓа по прес-конференцијата на Тодоров и на раководството на Торакална хирургија каде наводно се промовира досега „невиден“ апарат кој за прв пат се купува на оваа клиниката, а бидејќи е мобилен ќе можат да го користат и на другите клиники.
– Смешна е изјавата каде се објаснува дека со негова употреба нема потреба од конци и сечење, па ние со години работиме со ваков апарат реагираат хирурзите.
Уште еден хирург кој не сакаше да му се спомнува неговото име поради можните реперкусии, на својот својот фејсбук профил напишал:
-Апарат кој е во рутинска употреба веќе 10 години се преставува како „големо достигнување“ во медицината на овие простори.
Во операционите сали под реден број 1,2 и 3 ги има овие апарати, сите се една до друга и се граничата со операционата сала број 4, каде што беше промивиран новиот апарат, а медицинскиот персонал бил повикан од дома да присутвува на свеченото промовирање на овој апарат.