Откако веќе поранешниот сплитски градоначалник Жељко Керум во синоќешниот телевизиски пренос упати вербални навреди кон новинарот Мислав Баго, нарекувајќи го келнер алудирајќи така на неговото средношколско образование, на Фејсбук е отворена страница „Конобар Мислав Баго“.
Од утринава страницата доби над 5.000 лајкови, а под профилната слика на Баго пишува: „Мислав Баго пие Паго, да го види никому не му е драго“ .
На страницата се наоѓа слика од кафе барот Чакула, сопственост на Фани Хорват, невенчаната сопруга на досегашниот градоначалник на Сплит, Керум, каде работи виртуелниот келнер Баго.