Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холандскиот парламент е „за“ отворање преговори на ЕУ со Македонија

4
By Нова ТВ on June 22, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Парламентот на Холандија одобри отворање на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ, јави албанската телевизија Топ Ченал.

Како што претходно најавуваа пратениците, оваа одлука значи дека и се дава слобода на холандската влада во донесувањето на одлуката за датумот за преговори за Македонија.

Истовремено пратениците се изјаснија против отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ за Албанија. Според повеќето холандски пратеници, резултатите на Албанија не се доволни за да се преземе таков чекор, поради „сериозна загриженост во однос на борбата против корупцијата“.

Холандија и посебно Франција се познати по отпорот на нивната јавност кон проширувањето на ЕУ.

Сега, останува уште Франција да омекне до претстојниот Самит на ЕУ, кој ќе се одржи на 25 јуни во Брисел.

Во меѓувреме во Брисел продолжуваат расправите помеѓу земјите-членки на ЕУ за одредување датум за старт на преговори со Македонија во Советот на ЕУ, каде Франција и натаму се противи тоа да се случи во јуни и покрај договорот со Грција. Иако засега во нацрт-заклучоците останува стартот на преговори со Македонија, битката не е извојувана, информираа вчера дипломатски извори во Брисел за МИА.

Во обид да се убеди Франција, земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би почнале, но ниту тоа не ги убедило Французите. Париз прифаќа да има „што попозитивен речник“ и охрабрувања за Македонија, но дека преговори во јуни не се можни. Став што им пречи на голем број земји членки, кои сметаат дека Македонија треба да биде наградена како за реформите, така и за договорот за името.

Меѓу најгласните во одбрана на старт на преговори е Бугарија, која до крајот на месецов претседава со ЕУ, и која исто така оценува дека преговори со Македонија во јуни ќе донесе и „престиж“ за нејзиното претседателство. Друга земја која турка за старт на преговори со Македонија е Австрија, која го презема кормилото на ЕУ од 1 јули.

Австрискиот амбасадор при ЕУ, Николас Маршик, денеска изјави дека тие би биле многу среќни преговорите со Скопје и Тирана да почнат за време на нивното претседателство кое почнува на 1 јули.

Останува сега да се види што ќе се случи во вторник во Луксембург, кога треба да се состанат министрите за надворешни работи на ЕУ и да дискутираат на оваа тема. Била спомената варијанта и преговори да се одредат во ноември годинава, велат изворите на МИА, што исто така не му е по вкус на бугарското претседателство, велат извори во Брисел.

Голем број земји-членки сметаат дека би било разочарувачки Македонија да не биде наградена по сите препораки на Европската Комисија и постигнатиот компромис со Грција околу спорот за името.

Скептиците да го признаат напредкот на Македонија

Земјите членки на ЕУ, а пред се „скептиците и кочничарите“ од Франција, Холандија и делумно од Германија, на Самитот на Унијата следната недела, треба да го признаат постигнатиот напредок со потпишувањето на договорот меѓу Скопје и Атина и да дадат зелено светло за почеток на пристапните преговори со Македонија, смета Франк Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Договорот за долгогодишниот спор за името на Македонија би можел да предизвика голем број позитивни последици за регионот и за цела Европа, оценува Шаусбергер.

Во тест за австрискиот весник „Пресе“, тој вели дека успехот на договорот меѓу Македонија и Грција ќе значи и потврда дека ЕУ може да има улога на посредник во разрешување конфликти и покрај огромните потешкотии во сопствените редови.

Стратегијата на ЕУ за проширување претставена на 5 февруари годинава, спроед Шаусбергер, предизвика динамика во земјите од Западен Балкан што не треба да се потцени.

– Договорот за името, доколку биде ратификуван, ќе предизвика серија последици. За Македонија ќе бидат отстранети пречките на патот кон почеток на пристапните прегвори со ЕУ. Можно е отворање на преговори и со Албанија иако Тирана прво мора да покаже дека е сериозна во врска со реформата на судството и борбата со корупцијата. Ставањето крај на спорот меѓу Макеоднија и Грција, може да даде нов импулс и во дијалогот меѓу Белград и Приштина, а ќе има позитивно влијание и на многуте нерешени прашања меѓу народите во Босна и Херцеговина, вели Шаусбергер.

Нагласува дека решавањето на билатералните проблеми меѓу земјите од Западен Балкан кандидати за членство во ЕУ е клучен и неизбежен предулов за нивната евроинтеграција, бидејќу Унијата не сака да увезува конфликти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.