Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холивуд во сенка на ТВ сериите

0
By Нова ТВ on April 5, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

мериканските ТВ-серии еволуираа во последните две децении. Нивните оригинални приказни, добро сочинетиот дијалог и талентираните актерски екипи ги засенија холивудските филмови.

Типичен пример е серијата Предавник, најнов продукт на Студијата АМЦ. Историската драма за првиот американски шпионски синџир, за време на Војната за независност, е исто толку флуидна и драматична колку и современите шпионски приказни и ги има сите предзнаци да стане хит.
Нејзините млади актери се главно непознати, но во блиска иднина може да станат популарни.

„Ме изненадува и воодушевува колку прецизни и работливи се луѓето во телевизиската индустрија во моментов. Ова е материјал што придонесува секоја епизода да изгледа како да правите филм“, вели актерката Хедер Линд. Таа ја толкува Ана Стронг, историски лик од крајот на 18-от век, која шпионира за Британците.

Актерот Сет Нумрик, кој во серијата е револуционерот Бенџамин Толмаџ, вели: “Сите актери што ги познавам се навистина возбудени за улогите и сценаријата во оваа индустрија“.

Изобилството на квалитетни серии отвори бројни можности за актерите како него.

Се започна со Сопранос, драмата од 1990-те за америнско-италијанскиот мафијаш од Њу Џерси, Тони Сопрано. Серијата ризикуваше, играјќи на кратата на шоу полно со насилство и комплексни ликови, но затоа постави основа за неконвеционално раскажување на приказната. Многумина и натаму ја сметаат за најдобрата ТВ-продукција досега.

Други пак, го наведуваат успехот на актуелните серии како Живите мртовци на Франк Дарабонд.

Сценаријата на сериите се променија откако на сцена се појави компанијата АМЦ, сопственик на неколку кабловски ТВ-станици и на независната филмска компанија ИФЦ филмс.

„Ни рекоа, би сакале ли да ја направите серијата повеќе да наликува на филм? Им одговорив со – прекрасно“, раскажува Дарабонд.

Овој режисер номиниран за Оскар вели дека настрана од хорор-сцените и зомбите, шоуто станало популарно поради длабочината и уникатната перспектива – да се остане хуман во свет полн со смрт и уништување.

Чиста хемија е уште една темелно обработена драма, што многумина ја опишуваат како врв на американската телевизија денес. Шоуто, добитник на бројни награди, се фокусира на Волтер Вајт, наставник по хемија, без здравствено осигурување, заболен од рак во крајна фаза, кој на крај се претвора во крал на дрогата.

Повеќето од сериите се прикажуваат на малите екрани со години, овозможувајќи им на гледачите долготрајно да се врзат за улогите, за разлика од филмовите. Се работи за квалитетна забава, конкурентна на цената на – билетот за кино.

Извор: Глас на Америка на македонски јазик

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.