Марио Холцнер: Морам да кажам дека сум критичен за големината, номинално околу шест милијарди евра. Ако погледнете подлабоко, четири милијарди се во заеми и само две милијарди во грантови. Ако го поделиме ова во четири години, тогаш доаѓаме до нешто околу 0,3 отсто од БДП, што е речиси занемарлива сума на пари, што нема да направат голема разлика од аспект на економски ефекти.
Ако го споредиме со претходните пакети, како тој од 2020 година, кога имаше 30 милијарди евра пакет, овие шест милијарди се на некој начин само компензација за 20-те отсто инфлација последната година. Во таа смисла реалната сума на пари достапна за регионот од ЕУ не се промени. Линк