Во Македонија постои високо ниво на хомофобија, кое екскалира со физичко насилство, а е дирекна последица на хомофобичните говори на претставниците на државните институции кои ги охрабрија насилниците, вели во интервју за НОВА, Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТ Центарот за поддршка. Сега ние сме поназад од 1903 година, смета Андоновски.
Објектот во Старата скопска чаршија е споменик под заштита на културното наследство, нешто што судот не го зема во предвид при носењето на денешната пресуда за нападот на Центарот во февруари годинава.
Андонов смета дека би било добро јавни личности и политичари јавно да проговорат за својата сексуална ориентација, бидејќи така би им помогнале на луѓето од ЛГБТ заедницата.