Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хоспитализирани нови шест случаи со голема кашлица, вкупно 746 заболени во државава

0
By Marija Todorovska on June 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Од 7 до 13 јуни, пријавени се 47 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 23,7 отсто, споредено со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, шест се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје – 36 или 76,6 отсто. Пријавени се и пет случаи од Тетово, три од Куманово и по еден случај од Прилеп, Охрид и од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 35 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани, а едно лице е вакцинирано согласно возраст, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 13 јуни, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 746 случаи на голема кашлица, со инциденца од 40,6/100.000 жители.

– Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата по пол покажува дека 350 лица се од машки, а 396 од женски пол, се додава во извештајот.

Од ИЈЗ наведуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово. Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група до четири години.

Од 18 јануари до 13 јуни, дадени се вкупно 54.212 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

голема кашлица ИЈЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.