Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хотел за родители на болни деца , но кој ќе плати за престојот?

0
By Менче Атанасова Точи on March 6, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Министерството за здравство не кажуваат кога ќе започне изградбата на хотел за родителите на децата кои ќе бидат хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а не се од Скопје. Според најавите на Министерството за здравство во согласност со планот за изградба на новиот Kлинички центар „Мајка Тереза“, предвидено е да се изградат две катни гаражи, а во една од нив ,30 проценти од вкупната површина на објектот да биде искористена за изградба на хотел за родители.

Не се знае дали и како ќе биде регулиран нивниот престој таму, дали родителите ќе ја плаќаат целата сума, ќе покрива ли нешто Фондот за здравствено осигурување, ќе биде хуманитарен или комерцијален проект. Раководството на Детската клиника ја поздравува одлуката на Министерството за здравство.

-Го подржувам проектот, но не знам кога ќе започне изградбата на хотелот и како ќе биде регулиран нивниот престој. Знам дека хотелот ќе биде прифатилиште на родители на деца со хронични болести, изјави за НОВА, Аспазија Софијанова директорка на Клиниката за детски болести.

Раководството смета дека ова ќе биде вистинско олеснување за родителите чии деца се лекуваат на Kлиниката, а живеат во внатрешноста на Македонија, бидејќи дел од нив досега спиеја кај роднини или на столче покрај своите деца.

Според надлежните едната катна гаража ќе биде лоцирана на празниот простор меѓу Клиниката за инфективни болести и Фармацевтскиот факултет и нејзината градба ќе се започне наскоро, веднаш по склучување на договорот. Втората гаража ќе се гради на местото каде што се наоѓа Институтот за белодробни заболувања , но дури од кога ќе биде преселен во новиот Kлинички центар кој допрва ќе се гради. Двете катни гаражи, ќе имаат по седум спрата со површина од по 4.000 квадратни метри, а во едната ќе биде сместен хелиодром.

Иако министерот за труд и социјала, Диме Спасов за еден од дневните весници изјави дека станува збор за хуман проект, од ова Министерство се уште не знаат детали за хотелот чија изградба ја планира Министерството за здравство.

Во моментот родителите чии деца се хоспитализирани на Детската клиника, а се на возраст до три години престојуваат таму заедно со своите деца и според законот плаќаат приватно. Според информациите на НОВА, дневно за престојот на Клиниката тие плаќаат по 800 денари.

Лекарски извори на Клиниката велат дека некогаш кога се големи гужви може да се случи да нема слободен кревет најчесто за првата ноќ, и не ја гледаат оправданоста од изградба на хотел бидејќи секој родител сака но и мора да биде покрај своето дете.

-Која мајка ќе си го остави детето само во болница? Ние немаме доволно персонал за да бидат децата сами.Порано имаше негователки, сега медицинските сестри се и негувателки и сервирки и давателки на терапија, велат нашите извори.

Родителите со ист став како и лекарите, сметаат дека родителот треба да биде континуирано со своето дете, а не да престојува во хотел.

-Моето присуство е неопходно бидејќи според мене на Клиниката нема доволно персонал да се грижи за него. Но, бев вчудоневидена кога на крајот од седумдневниот престој пред да си одиме од Клиника ми беше речено дека треба да платам за мојот престој,а моето дете само пред еден месец наполни три години. Во денешни услови, во сиромаштија ретко кој родител што користи услуги од јавно здравство може да си дозволи да плати престој во хотел, бидејќи и парите што ги наплаќа Клиниката се премногу изјави за НОВА, Билјана А. од Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.