– Оваа ситуација мора да биде разрешена правилно, фер, брзо и одлучно. Исто така, никако не смее да се употребуваат закани и сугестии во случајот, бидејќи може да се создадат долготрајни тешки последици за државата, вели во интервју за НОВА поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.
Тој дополнува дека не смее политичкиот притисок да го труе судскиот систем и државата во целост, и да влијае врз овој случај.
– Како и да е, мислам дека е во интерес на сите, истрагата да биде спроведена брзо, вели Ховит.