НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Христијан се прави „на Тошо“

0
By Xhabir Deralla on October 29, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

По потпишувањето на договорот со Фронтекс на македонски јазик, во Бугарија молк, (освен нервозата на европскиот „колпортер“ Џамбаски“), а во Македонија, Христијан Мицковски се прави „на Тошо“.

За него Договорот со Фронтекс на македонски не е вест. Тој вели „тууу, не е тоа нешто ново, па такви договори има десетици, можеби и стотици што Македонија ги потпишала на македонски јазик со меѓународни организации, вклучително и со ЕУ.

Демантот стигна веднаш, денеска, од страна на МНР Османи кој категорички одбива дека тоа е вистина, напротив смета дека таквото тврдење е нечесно и невоспитано затоа што е лага. Ова е прв пат во историјата на оваа земја да потпише договор со Советот на ЕУ на македонски јазик. Дури и ЕК од 2005 го брише терминот македонски јазик во извештаите и користи синтагма официјален или службен јазик во земјата.

Сега за Христијан Мицковски македонскиот јазик бил „стекнато право“, и според него оваа тема е завршена. Не треба да се отвора, ниту подотвора, бидејќи како што вели, македонскиот јазик е признаен од ОН и кодифициран 1977 година.

-Тој е константа и мислам дека колку повеќе ја отвораме оваа тема толку е полошо за нашиот идентитет. Тоа е затворено прашање не треба никој ниту да го отвора ниту да го подотворува, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Така е професоре, значи завршивме со бугаризацијата, го спасивме македонскиот јазик, а со тоа и македонскиот идентитет. Ајде сега да ги изгласаме уште уставните измени и да продолжиме да одиме кон ЕУ.

А она што беше пред тоа ќе го заборавиме? Мислам на протестите и насилството пред Собранието, бетонските циглите фрлени врз полицијата и повеќе тешки и трајни повреди врз поединци.

Веројатно и оние илјада интелектуалци што потпишуваа Манифест, загрижени за македонскиот јазик, сега после оваа изјава на Мицковски, сфатија дека непотребно се потресувале дека ќе „станат дрво без корен“ и дека македонскиот јазик, според францускиот предлог ќе биде историски непостоечки за ЕУ“, пишуваа тогаш тие во Манифестот.

Па, ако побарате прочка, можеби и колегите пратеници од владејачкото мнозинство ќе замижат пред навредите кои со денови им ги упатувавте на најдолен уличарски начин.

Верувам дека на Фон дер Лајен не ѝ беше баш пријатно кога повторно дојде во Скопје да го донесе Договорот за Фронтекс на македонски јазик и се потсети дека на денот кога ја нарековте „нацист која дошла да нѐ стерилизира нас Македонците“.

Овој пат Фон дер Лајен дојде со торба пари наменета за Македонија и за Македонците да можат да се справат со зимата и да им го признае македонскиот јазик и идентитет.

Можеби требаше пак пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да излезат со маичките НЕ пред неа и да ѝ кажат дека не сакаат помош од Фашисти.

Маичките со НЕ ако им се запотени од долго носење можат и да си ги задржат, ама за по нива и за работа во двор.

За референдумот не берете гајле, веќе сите го заборавија.

Професоре не може тоа така во политиката, после секое бричење пред огледалото да си го менувате ликот и ставот.

На такви вербални трансформации никој дома, а ни во светот нема да верува.

Прво ширевте антиалбанско расположение, сега сте спремен заради власт да направите коалиција со секоја албанска партија. Поттикнувавте говор на омраза против Бугарите и Договорот за добрососедство, а сакате да постигнете подобар, фрлавте со дрва и камења против Макрон, против ЕУ, а сакате да бидете членка на Унијата.

Ако некогаш и станете премиер, верувајте дека ако вака продолжите ќе бидете најизолираниот  премиер во светот, а со тоа и државата Северна Македонија.

Меѓународната заедница сака да работи со предвидливи лидери и политичари за да знаат на што се. Со вас тоа никогаш нема да го добијат. Со нив нема да можете да се правите на „Тошо“ или дека „нисте одавде“.

Или, пак, тогаш сосема ќе се трансформирате и ќе бидете еден од најкооперативните лидери што погазиле сè што досега кажале.

FRONTLINE


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.