Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хронолошка анализа на МВР за бегството на Сашо Мијалков

0
By Нова ТВ on February 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска најкатегорично ги отфрли шпекулации за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков. На прес-конференција информираше дека МВР ги презема сите расположиви мерки за обезбедувањето на  бегалецот.

Министерот во неговото хронолошко појаснување на настаните како и кога добиле повик од Јавното обвинителство рече дека обвинителката Вилма Русковска во 12:30 во саботата му се јавила и му рекла дека има сознанија дека Мијалков подготвувал бегство.

-Иако доколку имала сознанија можела да се обрати до Судот, сепак се договоривме да прати писмено известување до МВР за да се провери дали нашите служби имаат такви сознанија. Во 17 часот од ОЈО за ГОКК добивме известување  во кое стои дека обвинителката Рускоска  располага со информации дека Мијалков се подготвува да избега преку зелената граница  поради најавите за добивање поголема затворска казна од посакуваната. По добиеното известување, постапено е и во 23 часот вратено е известување до Обвинителството. Во меѓувреме, во 22.30 часот издадена е наредба за полициско делување на улици и објекти за 24 часовен надзор за што е изготвен план за прикриено полициско делување и ангажирани се тимови со полициски службеници. Потенцирам, прикриено полициско делување што е дозволено со закон, но не следење на лице, што не може да се направи без судска наредба, истакна Спасовски.

Во неделата околу 11 часот, според министерот, директорот на БЈБ добил повик од Обвинителството, а потоа и барање за појаснување и дополнителни информации, на што било одговорено дека нема дополнителни информации.

-Издадени се насоки да се ангажираат дополнителни  служби низ град Скопје, посебно излезните точки од градот. Околу 14:40 часот од правец на МЕПСО кон хотел Мериот е забележан Мијалков со едно женско лице и три машки лица, по што влегуваат во подземните гаражи. Околу 15:05 часот забележан е излез на три возила, но не можело да се утврди дали и Мијалков  е во возилата, кои се упатуваат на ул. „Славејко Арсов“, која се наоѓа под ул. „Тодор Александров“. Во целиот овој период има поставено полициски тимови околу хотел Мериот и зградата на ул. „Тодор Александров“, како и на излезите од Скопје, појасни Спасовски.

По подигањето од Основен суд Скопје 1 на решението за куќен притвор за Мијалков,  почната е процедурата за доставување. Според  Спасовски, околу  21:30 часот е утврдено дека Мијалков не е таму.

-Извршени се пребарувања  на три стана, сопственост на Мијалкови,  а потоа и на стан на ул. „Народен фронт“, а преземени се и други активности со цел пронаоѓање на лицето. Во текот на вчерашниот ден извршен е информативен разговор со 10 лица, а во текот на денешниот ден продолжуваме со сите расположливи мерки за пронаоѓање на лицето, додаде Спасовски.

За случајот со бегалецот Мијалков одземени биле телефони, документација и други предмети кои, според министерот, обезбедени биле и снимачи од згради и објекти, а проверувани биле и камерите од „Безбеден град“ со цел добивање на дополнителни информации.

Министерот Спасовски рече дека ги охрабрува Јавното обвинителство и Судот да дадат јасни одговори на сите прашања за овој случај, бидејќи ваквите ситуации, според него, ја рушат довербата во системот која толку долго ја градиме.

-За оние што не постапиле соодветно, одговорност мора да има. Граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди, порача Спасовски.

Мијалков е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Обинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна за Сашо Мијалков, а пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025

Чешка го ограничува влезот на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.