Хрватите денеска ги избраа 12-те нивни пратеници во Европскиот парлемент. Владеачките Социјал-демократи освоија пет пратенички места додека опозицискиот ХДЗ во Брисел испраќа шест европратеника. Еден претставник во ЕП ќе имаат и хрватските лабуристи.
Она што прави впечаток за меѓународната јавност е исклучително нискиот одзив на граѓаните на Хрватска на овие, за нив први европски избори. На изборите излегле 20,78% од гласачите.
Причина за ваквата ниска излезност се смета дека е тоа што овие 12 хрватски европратеника ќе имаат мандат во ЕП само од една година односно, се до одржувањето на општите европски избори во 2014 кога во сите земји членки на ЕУ ќе се бираат нови 754 европратеници.
Месечната плата на хрватските европратеници е 9000 евра.
Рекордно ниска излезност на европски избори е забележана во Словачка во 2009 година од 19,64 % .
Хрватска ќе стане официјално 28 земја членка на ЕУ на 1 јули.