Хрватска бира европратеници
Во Хрватска во седум часот отворени се сите избирачки места на кои граѓаните гласаат за избор на 12 членови во Европскиот парламент кои ќе ја претставуваат Хрватска во тоа тело во Европската унија од 1 јули до редовните избори за членови на ЕП на ниво на цела Унија, идната година.
На изборите може да учествуваат сите хрватски државјани со право на глас, но и државјаните на другите членки во ЕУ со живеалиште во Хрватска, ако на време побарале да бидат запишани.
Цела Хрватска е една изборна единица, а гласачите може да бираат меѓу 12 кандидати од 28 кандидатски листи, 27 партиски и една листа на група избирачи. Од партиските листи самостојни се 19, а осум се коалициски, јави Макфакс.