Хрватска го усвои Законот за животно партнерство на лица од ист пол. Според овој закон, хомосексуалните двојки ќе ги уживаат истите права, како и брачните партнери, но, нема да можат да посвојуваат деца. Законот беше усвоен со 89 гласови „за“ и 16 „против“. Неговото усвојување беше проследено со аплауз од галеријата, од каде седницата ја следеа активисти за права на ЛГТБ лицата.
Здружението „Во име на семејството“ усвојувањето на Законот го нарече изигрување на вољата на гласачите на првиот народен референдум во декември минатата година, а дополнително ќе предизвика недоверба кај граѓаните во правната држава.
Матичните служби имаат рок од 15 дена од изгласувањето на Законот да се прилагодат. Со ова постапката за венчавање ќе биде изменета и прилагодена, а термините „невеста“ и “младоженец“ се менуваат во „партнери“ и „партнерки“.