Мирјана Санадер, сопругата на поранешниот хрватски премиер, не се појави на рочиштето на Загрепскиот жупански суд, каде што требаше да сведочи на судењето во случајот ФИМИ медиа, јавува Јутарњи лист.
Како причина за нејзиното отсуство, адвокатот Чедо Продановиќ го навел нејзиното заминување во Италија за да учествува како гостин-предавач на меѓународна стручна конференција.
Продановиќ рече дека планира да замине денеска по сведочењето, но ја повикале да дојде порано, заради состанок на предавачите. Поради отсуството ќе мора да плати 5.000 куни, или скоро 660 евра.
Мирјана Санадер треба, меѓу другото, да се разјасни дали таа била во семејната вила во Козарчева улица кога поранешниот ХДЗ благајник Младен Баришиќ таму, наводно, ги носел парите на поранешниот премиер.