Синдикатите на вработените во јавните и државните служби успеа да се договори со хрватската влада околу платите, по што го откажаа генералниот штрајк најавен за денес.
Одлуката ја објави министерот за образование наука и спорт Жељко Јовановиќ, кој повтори дека Владата нема да купува социјален мир и нема да се задолжува за исплата на плати.
„Владата сака да потпише договор кој е валиден за двете страни“, изјави денеска Јовановиќ.
Синдикатите бараа да им се вратат 3% од бруто платите, за колку се намалени во почетокот на годината и тоа кога во земјата ќе се оствари одреден економски раст.
Владата предложи за покачување на платите во државните служби прво да се почека БДП-то да се врати на нивото од пред кризата.