Хрватската Влада на својот Фејсбук профил постави порака на поддршка на сите лице со ЛГБТ ориентација заедно со цитат од премиерот Зоран Милановиќ кој гласи: „Човековите права се едноставно човекови права“.
Покрај пораката за поддршка по повод Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата, поставена е и минатогодишната порака на премиерот Милановиќ, која ја изрече пред одржувањето на поворката на гордоста во Сплит:
– Имаме право да бидеме поинакви, имаме право јавно да се изразиме и тоа право треба да се почитува – рече тогаш Милановиќ.
Покрај цитатот, Фејсбук профилот на хрватската Влада е обележан и со меѓународно познатиот знак кој јасно повикува на еднаквост меѓу луѓето.