Опозициската Хрватска демократска заедница доцна синоќа прогласи победа на вчерашните локални избори во Хрватска, додека владејачката Социјалдемократска партија славеше во поголемите градови, како Загреб, Ријека и Сплит, јавува Јутарњи лист.
Според лидерот на ХДЗ, Томислав Карамарко, партијата вчера освоила осум жупании, а во седум други жупании се пласирале во вториот круг, што ќе се одржи на 2-ри јуни.
ХДЗ води во 14 жупании, а владејачката Социјалдемократска партија во седум, кога станува збор за членови на жупаниските собранија,
Наспроти еуфоријата на ХДЗ, Државната Изборна Комсија соопшти дека во најголемиот број единици на локалната самоуправа, градоначалниците и жупаните ќе се бираат во вториот круг.
Карамарко најави дека по влезот на земјата во ЕУ, ќе побара одржување на предвремени парламентарни избори.